Контакт

Вести

Исламската држава го напаѓа Кобани, Курдите ја предупредуваат Анкара

Објавено пред

Џихадистичките бунтовници од Исламската држава продолжија во четвртокот со жестоките напади врз Кобани, третиот по големина курдски град во Сирија, со стратешка важност на самата граница со Турција, и покрај воздушните напади на коалицијата предводена од САД, додека илјадници курдски бегалци и натаму се префрлаат на турска територија, со што Анкара се вовлекува во подлабок судир.
 

dobivaj vesti na viber

Џихадистичките бунтовници од Исламската држава продолжија во четвртокот со жестоките напади врз Кобани, третиот по големина курдски град во Сирија, со стратешка важност на самата граница со Турција, и покрај воздушните напади на коалицијата предводена од САД, додека илјадници курдски бегалци и натаму се префрлаат на турска територија, со што Анкара се вовлекува во подлабок судир.

 

Курдските борци од Работничката партија на Курдистан (РКК) која е прогласена за терористичка и забранета во Турција, се закани дека ќе ги прекине мировните преговори започнати минатата година со Анкара за окончување на четиридецениските судири во кои загинаа над 40 илјади луѓе, доколку на сунитските џихадисти од Исламската држава им се дозволи да извршат масакр во доминантно курдскиот град Кобани (Ајин ал-Араб, на арапски јазик). Тие се наоѓаат на само три километра од градот од три негови страни.

Борците на Исламската држава од пред десетина дена ја преземаа контролата над стотина села во околината на Кобани и околните возвишувања, од каде започнаа и со минофрлачки напади врз градот. Претходно седмицава бомбаш самоубиец во возило преправено како транспорт на хуманитарна помош успеа да се пробие во градот и да го активира експлозивот при што загинаа десетици луѓе. Од теренот пристигнуваат информации дека џихадистите ја користат стратегијата на заплашување со масовни свирепи егзекутирања и отсекување на глави за да го натераат населението на послушност или во бегство.

Коалициските сили предводени од САД, коишто ги бомбардираат позициите на Исламската држава во Ирак повеќе од две седмици а од минатата започнаа и со напади на територијата на Сирија, погодија ноќта кон четвртокот село јужно од Кобани а до утрото продолжиле со воздушните напади, соопштија курдски извори од градот. Меѓутоа, и нападите, напредувањето на џихадистите не е запрено.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) чиешто седиште е во Лондон, а се повикува на извештаите од нејзините активист на теренот во Сирија, соопшти дека продолжиле жестоките судири меѓу Исламската држава и курдските борци на источните и во јужните рабови на Кобани во последните 36 часа. Според Опсерваторијата, околу полноќ кон четвртокот се слушнала силна експлозија во област ана браната Тишрин и градо Манбија, околу 50 километри јужно од Кобани.

Идриз, Насан, заменик министер за надворешни работи во локалната автономна курдска администрација, изјавил дека воздушните удари засега на ги запираат нападите на Исламската држава. „Не можам да ви кажам дека воздушните удари се ефикасни. Меѓутоа, сигурен сум дека долгорочно ќе бидат ефикасни“, изјави за Reuters.

Турскиот парламент подоцна во четврток ќе гласа за предлогот на владата кој ќе овозможи, всушност ќе го обнови мандатот, турските вооружени сили да преземаат прекугранични воени напади на териториите на Сирија и на Ирак, наводно во борбата против Исламската држава, иако Анкара и во средата повтори дека нејзина основна цел е соборување до власт на алавитот (шиитот) сирискиот претседател Башар ал-Асад. Со овој предлог, исто така, им се дозволува на коалициските сили да ја користат турската територија и воздушен простор.

Сепак, Турција стравува дека воздушните удари, доколку не бидат проследени со поширока политичка стратегија, би можеле да ги засилат позициите на Башар-ал-Асад, и на сириските Курди кои се поврзани со Курдите во Турција кои три децении се борат за автономија.

„Доколку обидот за масакр (на Курдите) ја постигне својата цел, тоа ќе стави крај на процесот (за примирје со Турција)“, изјави челникот на Работничката партија на Курдистан, (РКК), Абдула Очалан, во изјават којашто ја објави делегација на прокурдската парија која го посети во затворот на остров близу Истанбул каде што издржува доживотна казна со која под притисок на меѓународната јавност му беше заменета смртната./крај/мф/сн

Извор: AFP/Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет1 час

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет2 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет2 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа3 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет3 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет8 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет8 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет10 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија11 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија12 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија13 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет13 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет14 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет16 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет16 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет17 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет20 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија22 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет23 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...