Контакт

Вести

Обама и Оланд го повикаа Путин да ги поттикне бунтовниците на преговори

Објавено пред

Францускиот претседател Франсоа Оланди американскиот Барак Обама го повикаа рускиот челник Владимир Путин да изврши притисок врз проруските бунтовници во источна Украина да започнат преговори со Киев, се истакнува во соопштението од понеделникот навечер на Елисејската палата.

dobivaj vesti na viber

„Тие (претседателите на Франција и на САД) го повикаа претседателот Путин да изврши притисок ве сепаратистите, тие да ја прифатат понудата за дијалог со украинските власти, а исто така повикаа и на поголема контрола на руско-украинската граница“, се вели во соопштението од кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд,Оланд и Обама, исто така, ја истакнале важноста од спроведување средба што е можно поскоро, за да се постигне заемен прекин на огнот. „Долгорочното решение на украинската криза е можно само преку политички средства“, истакнале челниците на Франција и на САД.Покрај тоа, Оланд и Обама уште еднаш ја истакнале потребата да бидат ослободени сите заробеници.Минатата седмица, шефот на руската дипломатија Сергеј Лаворов, реагирајќи на повторените повици на западните лидери до Москва да изврши притисок врз проруските бунтовници во Украина, изјави дека Русија има ограничена моќ да влијае врз милициите во југоисточните украински региони, и тие се одѕиваат на повиците за постигнување мир. Како што истакна Лавров, Москва повеќепати повикуваше и продолжува да апелира сите страни во судирот да седнат на преговарачката маса и да ги решаваат сите прашања преку дијалог./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

(Видео) Најмалку 15 загинати во стампедо на аџилак во Индија

Најмалку 15 луѓе загинаа во стампедо во Кумб Мела, масовен хиндуски аџилак, во Прајаграџ, северна Индија, во неделата вечерта, објави...

Свет22 минути

(Видео) Снимено уривањето на моќниот американски авион Ф-35 на Алјаска

Борбен авион Ф-35 се урна за време на тренинг вежба во воздухопловната база Ајелсон на Алјаска, а пилотот се катапултира...

Свет33 минути

Првиот гостин на Трамп во Белата куќа: Нетанјаху оди во САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следната недела ќе се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, соопшти вчера...

Свет11 часа

Путин: Ако Западот престане да финансира, Владата на Украина ќе падне за еден месец

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека суверенитетот на Украина е „речиси на нула“ и дека владата во Киев „ќе...

Македонија16 часа

Мицкоски го поддржа бојкотот на маркетите: Од почеток зборувам за поединци во овој бизнис, кои шпекулативно сакаат да профитираат

Најавите за бојкот на маркетите кај нас в петок, по примерот на бојкотот на маркетите во Хрватска и Црна Гора,...

Македонија17 часа

Недостигаат лекови за 40 до 60 пациенти на Онкологија

За 40 до 60 пациенти во моментот недостигаат лекови на Онкологија. Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски,...

Регион19 часа

(Видео) Српскиот премиер даде оставка: Апсолутно сè е планирано од странство, не се сомневам во тоа

На денешната вонредна прес-конференција српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка. „Почитувани граѓани, кога на крајот на април минатата година го...

Македонија21 час

Најави за бојкот на маркетите и во Македонија поради високите цени

Пораки за бојкот на маркетите во Македонија поради високите цени на производите осамнаа на социјалните мрежи по примерот на Хрватска...

Македонија21 час

Кумановец почина од Ковид

Лице од Куманово на возраст над 60 години починало минатата недела од Ковид-19. Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираа...

Македонија22 часа

Македонец во Србија возел 184 километри на час, па удрил во полициско возило и повредил полицаец

Дваесет и тригодишен македонски државјанин е уапсен завчера оти возел 184 километри на час на автопатот кај Бујановац. Во оваа...

Македонија22 часа

ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје

ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање за промена на максималниот регулиран приход и цена за 2024 година за...

Европа22 часа

Русија објави учебник во кој тврди дека била принудена да ја нападне Украина

Вчера, во Москва беше претставен нов школски учебник, кој ја споредува војната на Русија во Украина со советската борба против...

Свет23 часа

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп: името на Мексиканскиот Залив се менува на мапата

„Гугл“ вчера објави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во „Заливот на Америка“ на „Гугл мапс“ откако администрацијата...

Свет24 часа

Трамп: Не сум 100 отсто сигурен дека не смеам да се кандидирам за трет мандат

Поранешниот и нов американски претседател Доналд Трамп предизвика нова полемика со изјавата дека не е 100 отсто сигурен дека не...

Свет1 ден

Милијардер потврден како министер за финансии на Трамп, го поддржаа и многу демократи

Американскиот Сенат го потврди Скот Бесент за министер за финансии давајќи му на милијардерот и менаџер на хеџ фондовите централна...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ им се обрати на студентите, тие го игнорираа: објавени снимки од блокадата

Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад,...

Македонија1 ден

(Видео) Македонските Евреи се дел од нашиот идентитет, рече Давкова и повика на организирани посети на Треблинка

Не смее да има дете, млад човек, возрасен што не знае за холокаустот, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која вечерва присуствуваше...

Свет2 дена

Шефот на НАТО: Два проценти од БДП за одбраната беа поставени пред 10 години, тоа веќе не е доволно

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска ги повика земјите-членки на НАТО да трошат повеќе за одбрана од сегашната цел...

Македонија2 дена

Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени

Не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование. Се работи за...

Македонија2 дена

Отворено писмо од гимназиски професори: Со отстранувањето на философијата во македонското образование стануваме периферија

Гимназиски професори по философија, логика и етика реагираат по повод Концепцијата за гимназиско образование, истакнувајќи дека радикално и категорично ja...