Црна хроника
Едно лице приведено при претрес во Тетово

Утрово во 08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М.(26) од Тетово.
Имено, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот и други простории кај Д.М., во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, при што биле пронајдени марихуана и дробилка.
Д.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдрни при претрес во Тетово

Вчера во 11.45 часот во Тетово, полициски службеници СВР Тетово го лишиле од слобода Е.К.(32) од Република Албанија, со престој во Тетово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки“ со празна рамка и 11 куршуми, а за кои не поседувал никакви документи.
Тој, како што соопшти полицијата е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсени тројца возачи од Тетово и Кавадарци: управувале возила под дејство на алкохол

Синоќа во 21.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.Б.(65) од с.Лисец тетовско, кој управувал товарно возило ,,Фиат Добло“ со тетовски регистерски таблици под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.06% промили алкохол во крвта.
Утрово во 04.10 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, од слобода бил лишен и Ф.И.(34) од Тетово, кој управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски таблички под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.67% промили алкохол во крвта.
На експресниот пат Градско-Прилеп утрово во 00.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.С.(47) од Прилеп.
При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.88 промили алкохол во крвта и го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило.
Д.С. е задржан во полициска станица и известен е јавен обвинител.
По документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Две возила и мотоцикл зафатени во пожар во Хиподром: женско лице вдишало чад

Денеска (14.07.2025) во 04.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Хиподром настанал пожар во гаражен простор во склоп на зграда, во кој биле зафатени патничко возило „мерцедес“, патничко возило „бмв“ и мотоцикл „беверли“, сите со скопски регистарски ознаки и сите сопственост на А.С.(32) од Скопје.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од страна на станарите на едно женско лице му била пружена лекарска помош поради вдишување на чад.