Македонија
(Видео) Митева: СДСМ и ДУИ за пет години власт ја задолжија Македонија речиси колку сите влади заедно
Според информациите во јавноста, власта ќе побара од ММФ 900 милиони евра за сервисирање на основните обврски поради катастрофалната состојба со буџетот, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конфренција.
Партиската портаролка оцени дека состојба со долгот и во моментот е катастрофална, а сега, како што рече, уште повеќе ќе се влошува.
„Ако долгот до сега беше над 60 % од БДП, сега со новите задолжувања ќе се зголеми над 63 %. Годинава ја почнавме со надминување на психолошката граница од над 7 милијарди долг, а веројатно до крајот на годинава ќе се доближиме до нова психолошка граница од над 8 милијарди евра долг.
Оваа власт на СДСМ и ДУИ за 5 години ја задолжи Македонија речиси колку сите влади заедно. Кога дојдоа на власт, долгот изнесуваше 4,7 милијарди евра, а сега галопирачки достигнува над 8 милијарди евра. Само во последните три години генерираа нов долг, кој е еквивалентен на 1.250 евра од граѓанин“, посочи Митева, која додаде дека ваквата состојба мора да се смени со нови предвремени избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

