Македонија
Тренчевска: Социјалната реформа дава видливи резултати, обезбедуваме современи и поквалитетни услуги за сите граѓани
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска го посети Центарот за поддршка на згрижувачките семејства, воСкопје и еден од малите групни домови што се воспоставија со трансформацијата на Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.
Таа потенцира дека грижата за сите граѓани, обезбедувањето можности за напредок на секој поединец во општеството, е приоритет, но и сериозна одговорност на секоја влада, како и дека нејзината успешност се гледа во испораката на видливи резултати, од кои придобивки имаат граѓаните.
Додаде дека во фокусот на работењето на Министерството за труд и социјална политика се ранливите категории граѓани. И затоа изминативе години, како што беше нагласено, Министерството посветено работи на решавање на предизвиците со кои се соочуваат овие граѓани.
Таа информира дека Центарот за поддршка на згрижувачките семејства, сместен во поранешниот Дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје, е прв што се отвори во државата минатата година и во моментот обезбедува социјални услуги за 156 згрижувачки семејства, кои имаат згрижено околу 248 деца.
„Неговата цел е да ги поддржува, да им помага и да ги насочува згрижувачките семејства да обезбедат токму онаква грижа каква што му е потребна на детето сместено кај нив, а е најблиска на семејната средина. Покрај поддршката на постојните згрижувачки семејства, овој центар од отворањето досега има развиено 12 нови згрижувачки семејства преку процена на подобноста за потенцијално згрижувачко семејство“, рече Тренчевска.
Таа посети и еден од малите групни домови, во кои се сместени 6 деца, кои заедно живеат веќе четврта година. За нив е обезбедена 24-часовна поддршка од стручен тим, кој им помага во секојдневните обврски.
„Живеењето на децата без родители и родителска грижа во нова форма на живеење во средина најслична на семејната донесе значајни промени во квалитетот на живеење на овие деца, што е видливо по секојдневните резултати и успеси што тие ги постигнуваат и по ништо не се разликуваат од другите деца“, рече Тренчевска.
Информира дека покрај обезбедувањето подобра грижа за ранливите категории, преку воспоставување нови социјални услуги, сериозно се работи и на зајакнување на компетенциите на стручните кадри што ги даваат овие услуги, како и обезбедување раст на платите на воспитно-згрижувачкиот кадар, кои од 2017 година наваму во континуитет растат. Покрај исплатата на платата од 2019 година, се исплаќа и надомест за сменско работење, ноќна работа и работа во недела, истакна таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).
Македонија
Намалена видливост поради магла на патот Неготино-Демир Капија
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија, соопшти АМСМ.
За време на рехабилитација на државниот пат А2,секција од клучка Волково во должина од 250м во правец кон клучка Кондово поставена е сигнализација каде за сообраќај е затворена левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење(средна) и лентата за принудно запирање(десна лента).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

