Македонија
Град Скопје распиша јавен повик за бесплатна настава и обука за оџачари
Град Скопје спроведува проект „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe“, кој е финансиран од Министерство за економска соработка и развој од Сојузна Република Германија и се реализира во соработка со збратимениот град Нирнберг од Германија.
Проектот има цел да обезбеди контрола на загадувањето на воздухот во Скопје на начин на кој ќе обезбеди услови за одржување бесплатна настава и обука за возобновување на професијата оџачар преку размена на искуства со оџачари од Сојузна Република Германија.
За таа цел, Град Скопје објави јавен повик за изразување интерес за посетување на бесплатна настава и обука за оџачари.
Заинтересираните лица треба да имаат завршено најмалку средно образование, а тие може да аплицираат со доставување писмо за интерес, во кое задолжително ќе наведат: име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта.
Писмото на интерес може да го достават по пат на е-пошта на следната адреса – [email protected] или во печатена верзија (лично преку архива или по пошта) до Град Скопје, бул. Илинден бр. 82, 1000 Скопје, со назнака: За посетување за бесплатна настава и обука за оџачар во рамките на проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“.
Краен рок за доставување писма за интерес е 15.5.2022 до 15 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски вели дека поддршката од центарци се зголемува: „Работевме домаќински, не потрошивме ниту денар на непродуктивни трошоци“
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Поддршката од центарци во пресрет на вториот круг од локалните избори за Герасимовски значително се зголемува. Тој, на вчерашните средби доби поддршка да продолжи да ја води општината како во изминатите четири години.
Герасимовски, на центарци им ги најави клучните проекти за вториот мандат, тоа се модерен дом за стари лица, нова градинка, набавка на две цистерни и пет метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на сообраќајниот метеж, изградба на две монтажни катни гаражи, нов административно-граѓански објект, два покриени базени, како и воведување на „Центарска картичка“.
„Работевме домаќински, не потрошивме ниту еден денар на непродуктивни трошоци. Во еден мандат ја изградивме најмодерната градинка во државата. Реконструкцијата на нашата култна сала „Работнички“ е во завршна фаза, поставивме ново смарт осветлување, ги подобривме условите во сите градинки и основни училишта. Покажавме како се води општина, во интерес на сите граѓани, а не на политички интереси. Со истата грижа за секој еден центарец продолжуваме и во новиот мандат“, рече Герасимовски.
Граѓаните, упатија благодарност до Герасимовски за акциите за чистење на сметот што ги спроведува целата измината година.
Македонија
Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање
Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.
Денес најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.

