Економија
Бектеши: Нема прекин на испораката на руски гас преку Бугарија, има алтернативи за индустриските капацитети
Снабдувањето со гас не е прекинато. Имаме континуирана испорака на гас од „Газпром“ преку гасоводот со Бугарија и покрај тоа што Русија ја прекина испорака на гас за Бугарија. Сите обврски од наша страна се намирени, но ситуацијата е комплексна и не се знае каква одлука може да биде донесена во наредните денови, рече министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција, на која информира за безбедноста за снабдувањето со гас на Македонија откога Русија ја прекина испораката за Бугарија.
Бектеши рече дека Македонија има соодветни алтернативи доколку дојде до прекин на испораката на гас од „Газпром“, индустриските капацитети може да користат мазут.
Според Бектеши, во Македонија активни се три системи за дистрибуција на природен гас: Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Скопје (ДТИРЗ Скопје) со вкупно 12 потрошувачи, ЈП „Струмица гас“ со вкупно 315 потрошувачи и ЈП „Куманово гас“ со вкупно 100 потрошувачи.
„Најголемата потрошувачка на природен гас е во зимските месеци имајќи предвид дека природниот гас најмногу се користи за производство на топлинска енергија. Најголемо влијание на профилот на потрошувачка на природен гас има когенеративната постројка во сопственост на ТЕ-ТО АД Скопје. Во текот на зимскиот период потрошувачката на природен гас достигнува до 45 милиони кубни метри, месечно како резултат на вклучувањето и на топланите, a во периодот од јули до септември таа достигнува до 6 милиони кубни метри месечно, што се должи на работењето на ТЕ-ТО АД Скопје во овие месеци. Над 60 индистриски, комерцијални и јавни потрошувачи и постројки за производство на електична енергија и топлина се директно поврзани на преносната мрежа за природен гас“, изјави Бектеши.
Тој потенцира и дека во текот на 2021 година со системот за пренос на природен гас, со кој управува АД „Гама“ – Скопје, пренесени се 425 милиони кубни метри гас.
„Во текот на 2021 година, со системот за пренос на природен гас управуван од АД ‘Гама’ – Скопје, беа пренесени 426 милиони кубни метри, со што продолжи трендот на зголемување на количеството природен гас во системот за пренос, пред сè, поради работата на когенеративните постројки и топланите на природен гас (80 %). Ова е досега најголемо количество природен гас во системот за пренос од почетокот на неговата работа и претставува зголемување од 26 % во однос на пренесените количества природен гас во 2020 година, односно изнесува над 53 % од вкупниот капацитет на системот за пренос на природен гас. Имајќи ги предвид презентираните податоци, индустриските потрошувачи приклучени на мрежата на ДТИРЗ Скопје имаат можност да користат алтернативно гориво (мазут) и во случај на потреба за интервенција тие може во рок од 3 дена да почнат да работат на мазут“, изјави Бектеши.
Информира дека во тек е проект за гасна интерконекција со Грција, кој може да стане оперативен на крајот на 2024 година, со кој се очекува да се создадат услови за диверзификација во снабдувањето со природен гас.
„Генерално, уделот на увозот на нафтени деривати со потекло од Русија е приближно 8 %, а со тоа и уделот во снабдувањето со нафтени деривати на пазарот на нафтени деривати, кој е целосно либерализиран“, рече Бектеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

