Контакт

Економија

Николовски од Рим: Потпишана нова петгодишна програмска рамка со ФАО

Објавено пред

Mинистерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и заменик-регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија, Набил Ганги, денеска во Рим остварија средба со генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство на ОН – ФАО, Кју Донгју.

dobivaj vesti na viber

На средбата министерот Николовски изрази благодарност за одличната и долгорочна соработка со ФАО. Партнерството значително се зголеми откако Република Северна Македонија во 1993 година стана членка на ФАО.

„Со новата петгодишна Програмска рамка која ја потпишавме денеска со ФАО ќе постигнеме две стратешки цели – одржлив и инклузивен економски и социјален развој со фокус на малите земјоделски стопанства и управувањето со климатските активности, природните ресурси и управување со ризици од катастрофи. Ние сме подготвени да ги продолжиме активностите и одличната соработка со ФАО преку која министерството, Владата и граѓаните на нашата држава директно на терен го гледаат бенефитот. Ќе го спомнам само успехот кој го направивме со тековните проекти за консолидација на земјоделското земјиште во рамките на Националната програма за консолидација, чекор со кој направивме историско придвижување во спојувањето на парцелите што крајно придонесе за смалување на производствените трошоци и зголемување на приходите на земјоделците. Соработката со ФАО е богата, течат многу заеднички проекти кои се од огромен интерес за нас“, изјави министерот Николовски.

Три клучни цели содржи Стратегијата кон кои ФАО дава придонес. Првата се однесува за подобрување на конкурентноста на земјоделско-прехранбениот сектор, економската одржливост и приходите на земјоделските стопанства, втората за примена на еколошки практики во производството кои овозможуваат ублажување и прилагодување на климатските промени и третата за обезбедување одржлив развој на руралните области.

Министерот Николовски истакна дека ќе бидат ставени на располагање сите расположливи ресурси за успешно спроведување на програмата, за што неопходна ќе биде поддршката од ФАО при идентификување на нови финансиски инструменти, фондови и размена на знаење од другите земји членки, кои имаат слични развојни искуства во секторот за храна и земјоделство.

Економија

Мицкоски: Претходната власт трошела расипнички, но во првите 100 дена ние покажавме домаќинско работење и ги враќаме долговите

Објавено пред

„Со реорганизација на Буџетот во овие први 100 дена, ако ја споредиме фактичката состојба којашто ја наследивме како Влада, од минус 200 милиони евра или отприлика минус 12 милијарди денари, можам да кажам дека веќе овој месец очекуваме да бидеме на позитивна нула.

dobivaj vesti na viber

А, што се однесува до институциите, надвор од Владините институции, министерствата, останатите претпријатија, можам да кажам дека во моментот АД ЕСМ има евидентирани долгови отприлика нешто повеќе од 5 милијарди денари, тоа е нешто над 80 милиони евра и се работи на санирање и намалување на истите. Фондот за здравство е исто така околу 5 милијарди денари, веќе 2 милијарди денари ќе бидат вратени овој месец, ќе бидат вратени оваа година. Ќе се обидеме во следната година целосно да дојдеме до состојба нула, затоа што кога сме во состојба нула и кога не барате одложено плаќање, тогаш и оние коишто ги испорачуваат оние лекарства коишто се потребни за пациентите, ќе бидат поевтини и поквалитетни.

Но тоа не е сѐ, тука се оние јавни претпријатија коишто е Национални шуми, Водостопанство, каде што долговите беа речи си милијарда денари, само по основ на плати беа близу половина милијарда. Или ако сѐ се собере можам да кажам дека, не само што го беа потрошиле Буџетот за помалку од половина година, туку и долговите кои што беа големи се бројат во, она коешто го затекнавме се брои отприлика околу една милијарда евра, нешто коешто претставува историски највисоко ниво на долгови коешто една Влада го наследила.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со долговите на институциите и колку истите во првите 100 дена Владата успеала да ги врати и додаде:

„Но нема очајување, тоа е што е, сега сме се нафатиле за оваа работа, сме ја добиле довербата од граѓаните, работиме многу и ќе продолжиме да работиме. Сите го знаат тоа, не е некоја тајна коешто ова го зборувам јас денеска, ако беа добри немаше сигурно да бидеме ние тука, така што ќе продолжиме да работиме и да ги потсетуваме граѓаните каква лоша и очајна состојба оставија, но истовремено мора да дадеме сѐ од себе за да, или вака да го кажам тоа спортски, да го ставиме срцето на терен за да излеземе од оваа ситуација и мислам дека до крајот на оваа година ќе можеме да кажеме дека сме излегле од оваа ситуација.“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

УСЈЕ го претстави својот напреден пристап во примената на вештачката интелигенција на AI Tech Summit 2024

Објавено пред

ТИТАН УСЈЕ го презентираше иновативните решенија во примената на вештачката интелигенција на годинешниот AI Tech Summit, кој на едно место собра водечки светски компании и експерти од областа на напредни технологии и вештачка интелигенција. Самитот кој се одржа во Скопје е еден од најзначајните настани на оваа тема во Југоисточна Европа, а ги обединува технолошките иноватори, истражувачи и деловни лидери кои ги презентираат најновите достигнувања во примената на вештачката интелигенција во различни индустрии.

dobivaj vesti na viber

Панагиотис Маргарис, директорот за дигитални решенија на групацијата ТИТАН, која раководи со 14 цементарници во Северна и Јужна Америка, Африка и во Југоисточна Европа, ја претстави стратегијата на ТИТАН за имплементација на оперативен модел од следната генерација преку дигитална трансформација кој групацијата го имплементира постапно во сите свои цементарници. „Покрај другите бенефити, иновативните технолошки решенија и вештачката интелигенција ни овозможуваат високо ефикасен модел за користење на обновливата енергија, зелената инфраструктура, практиките од циркуларната економија и дигитална оптимизација, со крајна цел за декарбонизација на производството на цемент. Овој процес е управуван од централизирана експертиза од светска класа, а егзекуцијата успешно ја спроведуваат локалните експертски тимови. Горди сме што прераснуваме во еден од предводниците во секторот во однос на спроведувањето на иновативни дигитални решенија со примена на ВИ во секојдневното работење“, објасни Маргарис.

Во рамки на оваа стратегија на групацијата тимот на Цементарницата УСЈЕ во соработка со тимот за дигитализација на групацијата имплементираше автономен систем за оптимизација на производството во реално време – пионерско решение во цементната индустрија, кое понатаму се воведува во сите цементарници на групацијата. „Со користење на иновативните технологии и вештачката интелигенција успеавме да ја максимизираме пропусната моќ во производството, во исто време намалувајќи ја потрошувачката на енергија и подобрувајќи го квалитетот на конечниот производ. Конечно, постигнавме значајно намалување на емисиите на CO2, што е стратешка определба на нашата групација“, истакна Дејан Величковски, менаџер за дигитализација, ИТ инфраструктура и безбедност во Цементарница УСЈЕ.

Со учеството на овој значаен настан, ТИТАН УСЈЕ уште еднаш ја потврди својата посветеност на иновациите, ефикасноста и одржливоста, користејќи ги најсовремените технологии за подобрување на производните процеси и за намалување на влијанието врз животната средина.

На самитот учествуваа претставници на гиганти како Google, Microsoft, Amazon, NVIDIA, Netflix, како и голем број регионални и глобални технолошки компании. Нивните претставувања го истакнаа огромниот потенцијал на вештачката интелигенција за трансформација на различни сектори како ИТ, финансии, здравство, производство, забава и многу други. AI Tech Summit претставува важна платформа за регионално вмрежување и соработка меѓу професионалци од индустриите, истовремено овозможувајќи дискусии за иднината на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз глобалната економија.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски-Варади: отворено прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до и од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот во Охрид

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Визер како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолини и Владата на Република Северна Македонија која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјата.

Исто така на средбата министерот Николоски го отвори и прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година.

Министерот детално информираше за условите и критериумите од јавниот повик, потенцирајќи го придонесот на авиокомпанијата Визер за развој на патничкиот ависообраќај во изминатиот период.

На средбата тој истакна дека јавниот повик е отворен за сите авиокомпании кои се заинтересриани да работат на македонскиот пазар под услови пропишани од јавниот повик.

Јавниот повик трае до 7 октомври и во рамките на тригодишната програма предвидено е финансиска поддршка во висина од 360 милиони денари. Покрај другите услови, предвидено е износот на финансиската поддршка да изнесува 9 евра по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Околу 36 килограми марихуана запленила Царинската управа пред два дена

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два...

Македонија5 часа

Со вонреден инспекциски надзор ќе се утврдува дали има пропусти во лекувањето на починатото бебе

Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил...

Македонија7 часа

Бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче. Околу 04.50 часот...

Македонија8 часа

Поплави во Тетово, над 20 повици за помош добиле пожарникарите

Над 20 повици добиле ноќеска пожарникарите од Тетово за интервенци и испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и...

Топ8 часа

Во ауди криел 50 килограми марихуана

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода...

Топ10 часа

Шестгодишно дете почина играјќи фудбал, му се слошило, но лекарите не можеле да го реанимираат

Шестгодишно дете почина на фудбалски тренинг кога прво му се слошило, па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот...

Регион11 часа

Страшни детали од поплавите во Босна и Херцеговина, загина трудница, а брачен пар се најдени гушнати

Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна...

Свет11 часа

Се повеќе мали деца се дебели, предупредува ФАО

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај...

Регион1 ден

(Видео) Маж од Јабланица: Спасивме момче чии родители загинаа на лице место, детето беше под ѕид

Аднан Ѓелмо кој во најтешките моменти спаси животи во Јабланица го сподели со Дневни аваз најтешкото искуство во денешниот катастрофален...

Регион1 ден

(Видео) Нереални снимки од Босна и Херцеговина, местото се претвори во река, отсечено е од светот

По обилните дождови во Босна и Херцеговина, многу градови беа погодени од поплави, одрони и свлечишта, меѓу кои и Бутуровиќ...

Македонија1 ден

Ахмети: „Вреди“ да се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет, а ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците

Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“...

Македонија1 ден

Меџити за можни преговори со Тачи: Во наредниот период ќе има повеќе информации, јас лично немам такви преговори

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека засега нема преговори со Мендух Тачи...

Македонија1 ден

Нема потреба од закони за амнестија за намалување на пренатрупаноста во затворите, Коцевска охрабрува да се даваат условни казни со надзор

Месно нови закони за амнестија за намаување на пренатрупаноста во затворите, судијката Билјана Коцевска од Основниот кривичен суд Скопје охрабрува...

Македонија1 ден

Одложено судењето за Вања и Панче: еден од притворените е на Нефрологија поради влошена здравствена состојба

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во предметот со К. бр....

Македонија1 ден

Има интерес од доктори што работат во приватните да се вратат во јавните здравствени установи, рече Таравари

Има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во државните, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари,...

Топ1 ден

Загина 15-годишно момче на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка

Вчера околу 21:40 чсаот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош се случила сообраќајна несреќа со трагичен крај. Малолетник...

Македонија1 ден

„Филипче и по цена на животот на граѓаните не се откажуваше од тендерите, така во модуларната во Тетово изгореа 14 граѓани“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Актуелниот претседател на...

Свет1 ден

Објавена фотографија од човекот поради кој Израел синоќа и утрово го бомбардира Бејрут

Израелските напади во Бејрут во четвртокот доцна вечерта и денеска рано наутро по локално време беа насочени кон Хашем Сафиедин...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Со огнено оружје во Визбегово осакатени миленици, се убиваат животни од локален психопат

„Видете ги овие грозоморни фотографии: кошмар преживуваат животни и жители на Визбегово од локален психопат, кој стрела по живи цели,...

Свет1 ден

Експлозии во Бејрут, Израел продолжува да напаѓа: гаѓани бункери, цел бил човек кој би можел да стане нов лидер на Хезболах

Околу полноќ Израел изврши напад врз подземен бункер во јужните предградија на Бејрут, каде што се одржуваше состанок, на кој...