Вести
Авганистан потпиша мировен договор со „Кабулскиот џелат“
Авганистан во четвртокот потпишал мировен договор со еден од најголемите воени злосторници, Гулбидин Хекматијар, со кој на ткн „Кабулски џелат“ кој уште е во егзил, му се гарантира имунитет и му се овозможува враќање во политиката и покрај протестите.
Жителите на авганистанската престолнина Кабул, од кои неколку стотици протестираа против овој договор, сметаат дека Гулбидин Хекматијар, тогашен премиер, наредил неселективно бомбардирање на градот на почетокот од 1990-те, во кое загинале голем број луѓе и предизвикана е голема материјална штета. „Никогаш нема да го заборавиме Кабулскиот џелат“ пишуваше на транспарентните кои ги носеа демонстрантите во центарот на градот.
Меѓутоа, потпишувањето мир со неговото движење Хезб-И-Ислами, втората најголема бунтовничка мрежа во Авганистан, се смета за симболичен успех за претседателот Ашраф Гани, додека преговорите со талибаните се на мртва точка, а безбедносната ситуација во земјата станува сé полоша. Договорот го потпишале Високиот мировен совет, владино тело за водење преговори за национално помирување и делегација на движењето Хезб-И-Ислами, кое сега треба да го положи оружјето и да се преобрази во политичка партија.
„Договорот е потпишан по две години преговарање (…) Едногласни сме во оцената дека мировните преговори среќно се приведени до крајот“, изјави потпретседателката на Советот, Хабиба Сараби, додавајќи дека договорот ќе стапи „на сила кога официјални ќе го потпишат претседателот Гани и Хекматијар“.
Хакмијатар, 67-годишник кој е препознатлив по црниот турбан, е ветеран на сунитскиот антисоветски џихад од 1980-те години. Откако талибаните го протераа од земјата, последните дваесет години живее во егзил, во Иран и во Пакистан, од каде што во 2004 година повика на „света војна“ против САД, придружувајќи ѝ се на опозицијата на тогашниот авганистански претседател Хамид Карзаи.
САД не го симнаа од листата меѓународни терористи, што, пак, на американската амбасада во Кабул не ѝ пречеше да го пофали за потпишувањето на договорот како „чекор кон мирното решение“ на авганистанскиот судир. Европската унија и силите на ОН за помош на Авганистан го нарекоа овој потег „силен знак на надеж“.
Невладината организација за човекови права Human Rights Watch (HWR), пак, смета дека „враќањето на Гулбудин Хекматијар по децении егзил ќе ја зајакне културата на неказнување којашто ја поткрепуваат авганистанската влада и меѓународните финансиери откажувајќи се од прогонот на виновниците за толку жртви на Хекматијар и другите воени лидери кои во 1990-те ја разорија земјата“. Од HWR потсетуваат дека Хекратијар е обвинет за бројни злосторства, па така и лично за разорното бомбардирање на Кабул во август 1992 година, во коешто, според податоците на Црвениот крст, загинале повеќе од илјада луѓе, а 8.000 биле ранети, како и за исчезнување на голем број претставници на опозицијата и мачење на затворениците во тајните затвори./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.