Спорт
Левандовски одлучил да го напушти Баерн
Роберт Левандовски една година пред истекот на договорот има намера да го напушти Баерн. Информацијата ја објави еден од најпознатите германски новинари, Кристијан Флак.
Левандовски решил дека му треба нов предизвик во кариерата. Според Флак, Баерн нема намера да му ја исполни желбата.
Наводно од Барселона му понудиле 30 милиони евра по сезона, што ги прави челниците на Баерн особено нервозни, тврди Фалк.
Доколку Левандовски го напушти Минхен, тогаш челниците на Баерн ќе се обидат да го донесат Себастиен Халер, 27-годишниот напаѓач на Ајакс, за кого интерес покажале Манчестер јунајтед и Борусија Дортмунд.
Каталонскиот „Мундо депортиво“ наведува дека Левандовски веќе учи шпански и истакнува дека преговорите ги води агентот на полскиот напаѓач Пини Захави, кој е во многу добри односи со претседателот на Барса, Жоан Лапорта.
Првата задача на Захави е да го убеди Баерн да прифати околу 40 милиони евра, колку што Барселона е подготвена да понуди за откуп на договорот.
Левандовски, во Баерн пристигна бесплатно, во 2014 година од Борусија Дортмунд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хет трик на Довбик – Џирона со седм гола ја испрати Гранада во Сегунда
Во вториот натпревар од последното 38. коло на шпанската Примера, фудбалерите на Џирона ја декласираа Гранада со 7:0.
Џирона во голем стил ја заврши најуспешната сезона во клупската историја. Екипата од Каталонија е трета на табелата и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Три гола постигна Украинецот Артем Довбик, кој сега е прв стрелец во лигата со 24 гола, еден повеќе од Норвежанецот Александар Серлот од Виљареал.
Во победата два гола постигна вториот Украинец Циганков, односно Гарсија и Стуани.
Спорт
Реал го прегази Олимпијакос, ќе ја брани титулата против Панатинаикос
Реал Мадрид ќе ја брани титулата в недела против Панатинаикос, откако во второто полуфинале на завршниот турнир во Берлин го победи Олимпијакос со 87:76 (28:10, 28:27, 15:21, 16:18).
Во второто полуфинале немаше никаква неизвесност. Слично како и во првото полуфинале, работите беа решени во рната фаза од натпреварот. Реал, во првата четвртина со шест тројки го торпедираше кошот на Олимпијакос и во вториот период влезе со предност од 18 поени.
Во ист ритам Реал продолжи и во втората четвртина, во која дојде до највисоката преднотс (54:29).
Олимпијакос се разбуди во второто полувреме, во еден момент, во последната четвртина со доближи на негатива од само осум поени, но Реал лесно го одби тој напад и на крајот заслужено победи.
Џанан Муса го предводеше Реал со 20 поени, Марио Хезоња постигна 12, а Гершон Јабуселе и Винсан Поарије по 11.
Кај Олимпијакос се истакнаа Алек Питерс постигна 23 со 10 скока, Шекил Мекисик 17, а Најџел Вилијамс-Гос 15 поени.
Финалниот натпревар Реал-Панатинаикос ќе се одигра в недела од 20 часот.
Спорт
Пандев во „Тимот на светот“, ќе игра против Романија 1994
Тимот на светот утре во Букурешт ќе одигра ревијален натпревар против „златната генерација“ на романскиот фудбал која остави фантастичен впечаток на СП 1994.
На Светското првенство во 1994 година Романија стигна до четвртфиналето.
Дел од тимот на светот ќе биде и Горан Пандев. Во овој тим се меѓудругите Дида, Маикон, Стоичков, Ривалдо, Панучи, Маркос Сена, Савиола, Карембе…
Во тимот на Романија ќе бидат Попеску, Димитреску, Лакатуш, Прунеа, Лупеску, Мунтеану, Дан Петреску…