Македонија
Регистрирани се 137 новозаразени случаи со коронавирус, пријавени се 2 починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.303 тестови, а регистрирани се 137 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 61, Битола – 39, Штип – 7, Кичево – 5, Кавадарци, Ресен и Берово – по 3, Прилеп, Тетово, Охрид, Гевгелија и Свети Николе – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (137), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 55, Битола – 7, Охрид и Велес – по 5, Кавадарци и Прилеп – по 3, Струга – 2, Штип, Кичево, Тетово, Куманово и Делчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје, на 70 – годишна возраст. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се пегистрирани во период од 09.04.-17.04.2022 година.
Направени се 2.303 тестови преку: ИЈЗ-191, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-39, Авицена-37, Биотек-77, Систина-47, лабораторија Лаор-34, Синлаб-3, Ремедика-8, Плодност-18, Генеа-16, Никоб Лаб-180, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-56, Ројал медика–6, Спектра-ММ-8, Рапид лаб–20, Жан Митрев Струмица–5, Нова лаб дијагностика–5, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.255
Досега во земјата се направени вкупно 2.018.029 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.571, бројот на оздравени пациенти е 299.738, на починати е 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 553
Скопје 145532, Активни 270
Куманово 16629, Активни 10
Битола 15316, Активни 118
Прилеп 14137, Активни 18
Тетово 13450, Активни 7
Кавадарци 10631, Активни 19
Велес 9762, Активни 13
Гостивар 9576, Активни 4
Охрид 8836, Активни 16
Струмица 8050, Активни 5
Штип 8021, Активни 16
Кичево 5618, Активни 17
Кочани 5075, Активни 4
Струга 4715, Активни 1
Гевгелија 4401, Активни 5
Неготино 3677, Активни 3
Ресен 2717, Активни 5
Свети Николе 2626, Активни 2
Радовиш 2528, Активни 0
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1971, Активни 1
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1655, Активни 12
Валандово 1485, Активни 0
Виница 1391, Активни 3
Пробиштип 1265, Активни 0
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 964, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 828, Активни 0
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 2
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка
Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, поднесе оставка поради лошите резултати на локалните избори. Според него, оставка треба да поднесат и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, како и целото раководство на партијата.
„Изборите завршија, време е да се понесе одговорност. Иако се вложив целосно, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка како претседател на општинската организација како чин на објективна и морална одговорност за лошите резултати. Верувам дека е исправно оставка да поднесат и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, како и целото раководство на СДСМ, не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување во изминатиот период“, вели Ацевски.
Тој додава дека СДСМ е преголема идеја за да остане непрепознатлива.
„СДСМ мора да биде силна опозиција и силен коректор на оваа лоша власт. И покрај оставката останувам член на СДСМ за подобро Ѓорче, подобро Скопје и подобра Македонија“, рече Ацевски.
Македонија
Александар Стојкоски го доби уверението за втор мандат како градоначалник на Општина Ѓорче Петров
Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров, со што и формално започна неговиот втор четиригодишен мандат.
Градоначалникот најави уште посилен интензитет на работа, реализација на капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
„Денешното уверение е потврда за довербата што граѓаните на Ѓорче Петров ми ја дадоа, но и обврска да продолжам уште поодговорно, со уште повеќе работа и резултати. Благодарен сум за секоја поддршка, за секој граѓанин што препозна искреност, посветеност и конкретни дела. Ѓорче го менуваме таму каде што никој не се осмелил да работи со години. Во наредниот период, продолжуваме со нови проекти, инвестиции во инфраструктура, образование, спорт и животна средина и се со една цел – Ѓорче Петров да биде најпосакувано место за живеење во Скопје“, изјави Стојкоски.
Тој нагласи дека довербата што ја добил од граѓаните е најсилна потврда дека општината се движи во вистинска насока. Тимот на Општина Ѓорче Петров, како што додаде, ќе продолжи да работи во духот на транспарентност, отчетност и европски стандарди во локалното управување.
Македонија
Во октомври казнети 16.801 возачи, 232 пешаци и 63 возачи на електрични тротинети
Во периодот од 01 до 31 октомври, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16.801 издадени платни налози, 4.821 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 121 лице, од кои 94 за возење под дејство на алкохол, четири поради возење под дејство на дрога и психотропни супстанци или прекурсори, 15 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, осум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец октомври евидентирани се 4.165 прекршоци за неправилно паркирање, 1.888 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 373 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 111 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 232 пешаци и 63 возачи на електрични тротинети.
Исто така санкционирани се 942 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 480 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 176 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 145 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии), а еден возач поради неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата (флешери).
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

