Македонија
Викендов започнува реновирање на Ургентиот хируршки центар, пациентите ќе бидат соодветно згрижени
Од ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) информираат дека во тек на овој викенд почнуваат активности за реновирање на Ургентиот хируршки центар и овие зафати ќе се реализираат во траење од еден, најдоцна до два месеца.
Од Ургентниот центар информираат дека ќе функционираат непречено со дежурни тимови во текот на целото деноноќие, но со помал обем и пациентите кај кои е неопходна итна здравствена услуга ќе бидат соодветно згрижени.
Во овој период на реновирање, пациентите со итна патологија ќе се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиника за трауматологија, што времено ќе се преадаптира во Ургентен центар.
Согласно планот, во случај на зголемен број пациенти за време на реконструктивните зафати во Ургентниот центар, предвидено е сите итни пациенти од Скопје да бидат згрижени во Градската општа болница „8 Септември“, додека пациентите од другите градови ќе ја добијат соодветната здравствена услуга – хируршки третман во Специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, информираат од оваа институција.
Во меѓувреме, додаваат дека во кругот на Ургентен центар се преземат активности за соодветно обележување на патеката на движење со јасно видливи ознаки, како и патека на движење за возилата на ИМП до главниот влез на хируршките клиники од страната на УК за стоматологија.
Со цел обезбедување соодветен транспорт, обезбедено е посебно болничко транспортно возило, кое ќе биде достапно за пациентите на хируршките клиники, по потреба за транспорт до останатите клиники, најчесто до Институт за радиологија (лоцирано на влезот од страната на УК за стоматологија), појаснуваат од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

