Спорт
Синовите на Матиќ и Роналдо ја копираа акцијата на нивните татковци

Филип Матиќ одигра лоб пас преку одбраната, а неговиот врсник, 11-годишниот Кристијано Роналдо јуниор убаво ја прими топката и потоа ја заби во голот.
Станува збор за синовите на Немања Матиќ и Кристијано Роналдо, кои одлично ја ископираа акцијата на нивните татковци од натпреварот против Челзи (1:1) кој се одигра во средата..
Видеото веднаш стана вирално на интернет, со голем број позитивни коментари од обожавателите.
Матиќ и Роналдо јуниор играат заедно во Академијата на Манчестер јунајтед, каде што имаат и училишна настава. Со нив во одделението оди и Каи Руни, синот на легендарниот Вејн Руни. Интересен одделение нема ништо.
Cristiano Ronaldo’s son and Nemanja Matic’s son recreating their father’s goal and assist against Chelsea. #MUFC pic.twitter.com/apVKC6hNmS
— MUFC Scoop (@MUFCScoop) April 29, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ го победи Хиџиката па испрати емотивна порака

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по пауза од шест години настапи на Мастерсот во Мајами. Во рамките на второто коло тој го победи Австралиецот, Ринки Хиџиката.
Ѓоковиќ за 81 минута победи со резултат 6:0, 7:6. Ова беше втор триумф на Новак во директни дуели со Австралиецот, кого го победи во Бризбејн на почетокот на годината.
Негов следен ривал ќе биде Аргентинецот Камило Хуго Карабели, кој приреди изненадување со победата над Алекс Микелсен со 6:7 (3), 7:5, 6:3.
По победата, Ѓоковиќ напиша трогателна порака на камерата.
„Молитви за 16-те“ која се однесува на сите 16 жртви кои ги загубија животите во трагедијата во Нови Сад на 1.ноември минтата година.
Спорт
(Видео) Англија без проблеми против Албанија, подвиг на БиХ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Англија со победа ги отври квалификациите за пласман на Светското првенство. Во групата К, Англија ја победи Албанија со 2:0. Во оваа група во која се наоѓа и Србија, Латвија на гостински теен славеше над Андора со 1:0. Значајна победа на стартот на квалификацискиот циклус забележа Босна и Херцеговина. Избраниците на Сергеј Барбарез победија во Букурешт против Романија со 1:0. Во групата во која игра и Австрија, претхосно Кипар со 2:0 го победи Сан Марино.
Ерата на Томас Тухел на клупата на Аглија започна со рутинска победа над Албанија. Играчите на Тухел доминираа од првата до последната минута, Албанците немаа никави шанси и можат да бидат задовлни со два гола во мрежата.
Дебитантот Луис-Скели го отвори резултатот во 20.минута, а конечниот резултат го постави најдобриот стрелец во историјата на англискиот национален тим, Кејн во 77.минута.
Босна и Херцеговина ја шокира Романија среде Букурешт. Бих победи со голот на Гиговиќ во 14.минута. На голот му претходеше добра тимска акција и изворедна асистенција на Колашинац.
Спорт
Мексикански клуб исфрлен од Светското клупско првенство, прекршени се правилата за сопственост на повеќе клубови

Клуб Леон од Мексико е исфрлен од Светското клупско првенство кое летово првпат ќе се одржи во нов формат.
Комисијата за жалби на ФИФА ја донесе оваа одлука откако ги разгледа дисциплинските постапки против мексиканските тимови Пачука и Клуб Леон.
🚨 ÚLTIMA HORA | El Mundial de Clubes, patas arriba: León, expulsado https://t.co/e46GaBCoTo
— MARCA (@marca) March 21, 2025
Утврдено е дека овие клубови ги прекршиле пропишаните правила за сопственост на повеќе клубови.
Поради ова, ФИФА одлучи да го суспендира учеството на клубот чиј најпознат играч е Хамес Еодригез, поранешен член на Реал Мадрид и колумбиската репрезентација.
Светското клупско првенство ќе се игра од 14 јуни до 13 јули во САД. Ќе учествуваат 32 клуба, а подоцна ќе биде објавено кој ќе го замени Клуб Леон.