Спорт
Американски тинејџер истрча четврто најдобро време во историјата на 200 метри

Американскиот тинејџер Еријон Најтон, јуниорски светски рекордер, стана четвртиот најбрз човек на светот на 200 метри, откако на митингот во Батон Руж истрча со време од 19,49 секунди.
Најтон, кој на ЛОИ во Токио лани беше четврти, на свои 18 години дојде на три десетинки зад светскиот рекорд на Усеин Болт.
Болт истрча 19,19 секунди на Светското првенство во 2009 година, а само уште Јохан Блејк со 19,29 и американската легенда Мајкл Џонсон со 19,32 секунди во моментов се подобри од времето што го постигна Најтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Чурлинов стрелец за Јагиелонија против Бетис, Фиорентина на мускули го мина Целје

Бетис и Фиорентина први изборија пласман во полуфиналето во Конференциската лига. Бетис, по 2:0 во првиот меч одигра 1:1 во Полска против Јагиелонија. Единствениот гол за Јагиелонија во овој двомеч го постигна македонскиот реорезентативец Дарко Чурлинов. Фиорентина се мачеше со Целје, одигра 2:2 на „Артемио Франки“, понатаму мина благодарение на победата 2.1 во првиот натпревар.
Јаггиелонија одигра добра натпревар против Бетис, екипа која се бори за место во Лигата на шампионите оваа сезона. Постигнаа гол домашните во 45.минута кој беше поништен поради офсајд.
И покрај иницијативата што ја имаа домашните, Бетис го постигна првиот гол на мечот, преку Бакамбу во 78.минута. Сепак три минуит подоцна Чурлинов ја спаси честа на својот тим.
⚽️ GOAL: Churlinov
🇪🇺 Jagiellonia 1-1 Real Betispic.twitter.com/qFg1A5eA6J— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 17, 2025
Целје и во вториот меч храбро и се спротивстави на Фиорентина, но Словенците немаа среќа да изборат барем продолженија.
Водеше Фиорентина со голот на Мандрагора во првиот дел, но Целје во второто полувреме преку Матко и Неманиќ во 54. и 65.минута го сврте резултатот. Три минути подоцна најдобриот стрелец на Фиорентина, Кен го постави конечниот резултат.
Спорт
Изгласано е проширувањето на АБА лигата

На седницата на Собранието на АБА лигата е донесена важна одлука, ќе се менува форматот на АБА лигата.
Како што пренесува „Меридијан спорт“, потврдено е дека АБА лигата во иднина ќе може да брои најмногу 20 клубови, а усвоен е и предлог според кој најмногу 50 отсто од учесниците можат да доаѓаат од една земја.
Ваквата одлука би можела да има директни последици врз структурата на лигата со оглед на тоа што во моментов учествуваат 16 екипи, а најголем број доаѓа од Србија – дури шест клуба.
Интересно е што предлогот не беше едногласно прифатен. Како што се наведува, Задар и Цибона гласале против, а од Крка биле воздржанани.
Ваквата одлука на раководството на регионалното натпреварување го наметнува прашањето кој ќе ги пополни четирите места следната сезона, бидејќи интерес за приклучување на регионалниот караван имаше од Абу Даби, Клуж, МЗТ и австриска Виена.
Јасно е дека едно место ќе му припадне на освојувачот на АБА 2 лигата. Во финалето Илирија (Словенија) ќе игра против победникот од дуелот меѓу Војводија (Србија) и Босна (БиХ).
Спорт
(Видео) Андреа Лекиќ реши да стави крај на кариерата

Некогаш најдобрата ракометарка на светот,миленичка на навивачите на Вардар, Андреа Лекиќ, реши да ја заврши професионалната сезона на крајот од оваа сезона.
Една од најдобрите српски ракометарки на сите времиња, оваа одлука ја објави преку својот Инстаграм профил каде им се заблагодари на соиграчите, тренерите, навивачите и ракометот…
Андреа во кариерата одигра преку 140 натпревари за српската репрезентација и учествуваше на Светско првенство во 2013 година во Белград, каде што освои сребрен медал.
Еден од последните резултати со репрезентацијата е пласманот на Светското првенство во Германија, по елиминацијата на Словенија во квалификациите.
Клупската кариера ја започна во матичниот клуб ЖРК Раднички, потоа се пресели во Књаз Милош од Аранѓеловац. Три години беше член на екипата на Крима од Љубљана, пред да игра за Вардар (2014 до 2018), ЦСМ Букурешт и Будуќност, додека последните две години ги помина во унгарски Ференцварош.
Најуспешна година во кариерата и беше 2013 кога беше кога беше прогласена за најдобра ракометарка во светот од страна на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), а со Ѓер ја освои европската титула.