Европа
Во тек е евакуација од фабриката „Азовстал“
Обединетите нации денеска потврдија дека е во тек операција за евакуација на луѓето од фабриката за челик „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол.
Портпаролот на ОН за хуманитарна помош, Савијано Абреу, за агенцијата АП изјавил дека напорите за евакуација на луѓето од „Азовстал“ се прават во соработка со Меѓународниот комитет на Црвениот крст и во координација со украинските и руските власти.
Ова на „Твитер“ го потврди и украинскиот претседател, Володомир Зеленски.
Evacuation of civilians from Azovstal began. The 1st group of about 100 people is already heading to the controlled area. Tomorrow we’ll meet them in Zaporizhzhia. Grateful to our team! Now they, together with #UN, are working on the evacuation of other civilians from the plant.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 1, 2022
„Започна евакуацијата на цивилите од ‘Азовстал’. Првата група од 100 луѓе веќе се упатува кон област под наша контрола. Утре ќе се сретнеме со нив во Запорожје. Mу благодариме на нашиот тим. Тие сега, заедно со ОН, работат на евакуација на други цивили од челичарницата“, напиша Зеленски.
Руските сили ја презедоа контролата врз Мариупол, но околу 2.000 припадници на украинските сили се во поранешната фабрика за челик. Официјален Киев тврди дека со нив се и околу 1.000 цивили кои се засолниле од гранатирањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација од 14 мај до 11 август.
Зеленски на 6 мај достави до парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, објави „Киев индепендент“.
Украинскиот парламент гласаше да го одобри продолжувањето два дена подоцна.
Тој претходно ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата од 14 февруари до 14 мај.
Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна напад врз Украина.
Оттогаш, мерката беше продолжена неколку пати.
Оваа мерка значи дека Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, не можат да ја напуштат земјата бидејќи може да бидат повикани на воена служба.
Во април, парламентот усвои закон за ажурирање на правилата за мобилизација додека земјата се обидува да ги надополни редовите на своите вооружени сили.
Европа
На парадата на Путин имаше само еден тенк, луѓето се потсмеваат: „Па, барем вози“
Иако воената парада во Москва е нормално можност Русија да се пофали со својата војска, оваа година само еден тенк помина низ Црвениот плоштад. За работите да бидат уште поинтересни, тоа беше тенк Т-34, произведен пред 90 години – уште пред да се роди Путин.
Да потсетиме, на воената парада и минатата година учествуваше еден тенк, истиот Т-34. Многумина го исмеваат Путин поради ова.
The only Russian tank present at today’s Victory Day parade in Moscow is a single T-34. pic.twitter.com/ut3T6zr31v
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) May 9, 2024
„Овој Т-34, легендарниот советски тенк од Втората светска војна, беше единствениот руски тенк изложен на парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад денес“, напиша Макс Седон, шеф на московското биро за „Фајненшл тајмс“. „Сите останати мора да се некаде зафатени!“
Про-украински корисник на „Икс“ напиша: „Па, барем вози“.
Друг корисник додаде: „Ништо не говори „втора армија на светот“ како осамениот тенк на победничката парада втора година по ред“.
Европа
Поранешниот премиер на Малта, Џозеф Мускат обвинет за корупција: случајот го истражуваше и убиената новинарка
Поранешниот премиер на Малта, Џозеф Мускат, беше обвинет за корупција во врска со скандалот, кој го истражуваше и познатата новинарка Дафне Каруна Галиција. Како што пренесува „Гардијан“, освен за Мускат, обвинението е покренато и против гувернерите на Централната банка на Малта, како и против вицепремиерот. Тие се обвинети во врска со скандалот околу приватизацијата на болниците.
Мускат беше обвинет за примање мито, корупција во јавните служби и перење пари, соопшти агенцијата АФП. Обвиненијата против него ги нарече „фантазија и лаги“, тврдејќи дека е жртва на политичка одмазда.
Malta’s former prime minister charged with corruption over hospital scandal https://t.co/TpFy0DGNV4
— Guardian news (@guardiannews) May 9, 2024
Заедно со него беа обвинети и Крис Фарне, вицепремиер, кој требаше да биде следниот еврокомесар и Едвард Шикулна, поранешен министер за економија и актуелен гувернер на Централната банка на Малта. Тие се обвинети за измама и проневера.
Фарне, кој беше министер за здравство во времето на скандалот кога беше приватизирана болницата, рече дека „апсолутно нема сомнеж дека судот ќе утврди нешто друго освен неговата целосна невиност“. Шикулна не го коментираше обвинението, но претходно негираше дека направил нешто незаконско.
Се очекува дека ќе бидат обвинети уште најмалку двајца високи владини функционери. Обвинението е дел од долгорочната истрага за одлуката на лабуристичката влада од 2015 година, на чело со Мускат, управувањето со три јавни болници да го префрли на приватната компанија „Виталс глобал Хелткер“ како дел од зделката чија вредност се проценува. на четири милијарди евра.
🧵1⃣Last year, we launched the first in a series of investigations we’re supporting with research and investigation coordination: a deep dive into the financial flows in the Malta hospitals privatisation deal. Revisit reporting by our project partners ⬇️https://t.co/HPcKrXbJjJ
— Daphne Caruana Galizia Foundation (@daphnefdtn) April 30, 2024
За овој скандал информираше и Дафне Каруна Галиција, позната истражувачка новинарка од Малта, која беше убиена во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил во 2017 година. Фондацијата формирана во нејзино име по смртта на новинарката објави дека оваа пресуда „докажува дека нејзиното истражување за наместена приватизација било точно“.
Смртта на Дафне Каруна Галиција предизвика голем шок на мирниот медитерански остров. Опсежната независна истрага во 2019 година покажа дека владата не учествувала во атентатот, но дека државата мора да сноси одговорност за создавање „култура на неказнивост“.