Култура
Одбележување на Денот на канадскиот филм во Кинотеката на Македонија
По повод Денот на канадскиот филм, Амбасадата на Канада и Кинотеката на Македонија организираат премиерна проекција на канадскиот филм „Трчај, жено, трчај“ од Зои Ли Хопкинс со: Дакота Реј Хеберт, Асивак Костачин, Џејли Вулф, Лорне Кардинал, Бредон Кларк, Гери Фарм.
Настанот, како што информираат организаторите, ќе се одржи во Кинотеката на Македонија на 4 мај во 20 часот.
По две години онлајн-презентации, деветото издание на Денот на канадскиот филм. организирано од REEL CANADA, ќе опфати физички проекции на 600 локации во Канада и во повеќе од 35 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија, се вели во информацијата.
„Генералниот гувернер на Канада, нејзината екселенција Мари Симон, е почесен покровител на годинешното издание на Денот на канадскиот филм. Нејзиното официјално видеообраќање ќе биде прикажувано пред секоја проекција оваа година. Фокусот за 2022: „Славење на домородните гласови“, презентиран во соработка со „имагинеНАТИВЕ филм“ и „Медија артс фестивал“, се фокусира на филмови од режисери од индијанско потекло/корени – од разни нации во Канада“, е потенцирано во соопштението.
„Трчај, жено, трчај“ е магичен антиром ком за Бек (Хеберт), ужалена самохрана мајка, која ја изгубила страста за животот, и за нејзиниот мохаве-јазик по смртта на мајка ѝ. Бек завршува во болница, каде што се буди од дијабетска кома и го сретнува духот на легендарниот „Маратонец на шест нации“. Наместо да смогне сили и да преземе контрола над сопствениот живот, Бек бега од проблемите и се отуѓува од семејството. Сама и напуштена, Бек мора да ги придобие. Конечно, го послушува нејзиниот духовен водач, кој ја поттикнува, исмева и на крајот ја инспирира да стане тркач. Бек учи да трча, но уште поважно – учи да биде благодарна за животот. Со секоја трка им оддава почит на земјата и на нејзиното семејство, што повторно ѝ ја буди желбата да го научи нејзиниот јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Изложба на Иван Ивановски во Кина
Во Гуангдонг Сан Та Музејот за Уметност во Гуанџоу, Народна Република Кина, на 8 ноември 2025 година, беше отворена самостојната изложба „In Between“ на македонскиот уметник Иван Ивановски.
Куратор на изложбата е Александра Ацеска, а настанот е реализиран во организација на Фликер студио, Зенг Чуан, Чен Хуе Бин (Guangdong San Ta Museum of Art), со ко-организатор Жанг Веи, а изложбата е реализирана со поддршка на Министерство за Култура и Туризам на Република Северна Македонија.

Изложбата е придружена со музиката на Андреја Салпе и Оливер Митковски (Поетроника), студиски сет специјално снимен за оваа прилика.
Фотографиите се на Даниел Коцев – Пазамат, а дизајнот на постерот е на Лиу Чен.
![]()
![]()

Култура
Македонскиот проект „Балада за лонецот и капакот“ доби 9.000 евра за развој на сценарио
Филмот „Балада за лонецот и капакот“ во режија на Вардан Тозија, а во продукција на Ивана Шекуткоска и Минимал Колектив Продукција, е меѓу избраните проекти што ќе добијат финансиска поддршка во рамки на 2025 Funding Round на SEE Cinema Network.
Официјалната најава беше објавена во рамки на 66. Меѓународен филмски фестивал во Солун (TIFF66), каде што SEE Cinema Network ги претстави добитниците на овогодинешниот развоен фонд, соопшти Агенцијата за филм.
Секој од поддржаните проекти ќе добие 9.000 евра наменети за развој на сценарио и подготовка на продукција.
Култура
Нова меѓународна награда за „Златната пеперутка“ со Биби и Боби
Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната Пеперутка“, со омилените детски херои Биби и Боби, освои ново меѓународно признание – наградата „Млади Хоризонти“ (Young Horizons Award) на престижниот CEE Animation Forum, што се одржа од 4 до 6 ноември во Плзењ, Чешка.
На форумот беа претставени 29 проекти од 15 земји, пред повеќе од 200 претставници од европската анимациска индустрија: продуценти, режисери, телевизиски уредници и дистрибутери.
Ова е втора награда за „Златната Пеперутка“, по MIA Development Award која проектот ја доби во октомври годинава на MIA Market во Рим – еден од водечките европски филмски пазари.
„Франција ги има Астерикс и Обеликс и Мињоните, Англија ги има Валас и Громит, Русија ги има Маша и Медо, Хрватска го има Балтазар, а Белгија го има Тин-Тин. Нашата цел е децата од светот да слушнат за Македонија преку Биби и Боби“ – изјави режисерот Гоце Цветановски.
„Златната Пеперутка“ е еколошка авантура за целото семејство. Во филмот, Биби и Боби патуваат во амазонската џунгла во потрага по легендарната златна пеперутка, симбол на рамнотежа меѓу човекот и природата. Нивната мисија ги води кон митскиот град Ел Дорадо, каде ќе мора да ги здружат своите сили за да ги победат темните сили што демнат во џунглата.
Македонски продуценти на проектот се Македонска Крепост, Светот на Биби и Тун Моушн Студиос, а филмот ќе се реализира во копродукција со Аргентина, Шпанија, Колумбија и Бразил.

