Свет
Осум лица во Иран починале кога испиле домашен алкохол, 30 лица завршиле на дијализа

Осум лица починаа кога испиле домашен алкохол во иранскиот град Бандар Абас, објавија локалните медиуми.
Уште 51 лице завршиле во болница поради труење со алкохол, изјави докторката Фатемех Норузиан. Седумнаесет се во критична состојба и се на одделението за интензивна нега, а 30 се на дијализа, пишуваат медиумите.
Полицијата соопштила дека уапсила осум лица под сомнение дека произведувале и дистрибуирале алкохол. Имено, во оваа држава производството, продажбата и пиењето алкохол е строго забрането, со исклучок за одредени верски малцинства, анализираат информативните гласила.
Казната за пиење алкохол е 80 удари со камшик, пишува Би-би-си.
Официјални лица во Бандар Абас досега не ја идентификувале токсичната супстанција пронајдена во домашниот алкохол, но во последните години стотици Иранци, според написите, починале по пиење пијалаци со смртоносно ниво метанол.
Поради погрешното верување дека пиењето или гаргарањето со алкохол може да спречи инфекција од Ковид-19, труењето со метанол се зголеми на почетокот на пандемијата во Иран, се наведува во извештаите на тамошните медиуми.
Тие потсетуваат дека во април 2020 година Министерството за здравство објавило дека повеќе од 500 лица починале од труење со алкохол во период од три месеци, а за 5.000 лица било потребно лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран со нов воздушен напад врз Израел

Иран вечерва, по локално време, започна нов бран ракетни напади врз Израел, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Според нив, ракетите биле испукани од различни делови на земјата.
Засега нема дополнителни информации.
Свет
Мерц: Иранскиот режим е ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила

Израелските напади го ослабнаа Иран, а иранскиот режим е малку веројатно да се врати на своето поранешно ниво на моќ, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Овој режим е многу ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила, што ја прави иднината на земјата неизвесна. Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи“, изјави Мерц за германската телевизија Велт на самитот на Г7 во Канада денес.
Тој додаде дека доколку се појави нова тешка политичка ситуација, Германија, Франција и Велика Британија повторно ќе бидат подготвени да понудат дипломатска помош, како што правеа до минатата недела.
Свет
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од Израел со владини авиони

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од Израел со владини авиони поради конфликтот со Иран, кој започна во петокот, објавија денес властите на двете земји.
Авион на чешката влада со 66 лица слета утрово во Прага. Ден претходно, словачки авион евакуираше 73 лица од Аман до Братислава.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова изјави дека повеќето од 66-те евакуирани лица се чешки државјани.
Според чешките медиуми, конвој евакуирани лица тргнал од Тел Авив вчера утро и се упатил кон Шарм ел Шеик во Египет, каде што се качиле на авион. Тие биле транспортирани со автобус и ја преминале границата пеш.
Словачки владин авион со 73 патници, повеќето од нив Словаци, слета во Братислава во понеделник пред 19 часот, изјави министерот за надворешни работи Јурај Бланар.
Меѓу евакуираните имало Полјаци, Чеси, Австријци, Словенци и други.
Словачка денес испраќа втор авион, а и за утре е планирана евакуација на словачки и странски државјани.