Свет
(Видео) Четири лица повредени во торнадо во Канзас, кое носело сѐ пред себе
Повеќе од 1.000 куќи биле оштетени, а четири лица се повредени во страшното торнадо што ја погодило американската држава Канзас на 29 април, јавуваат американските гласила.
За степенот на уништувањето и моќта на торнадото сведочи видео од дрон што се појави на социјалните мрежи, снимено во градот Андовер.
Според „Акјуведер“, торнадото траело 21 минута и за тоа време поминало 20-ина километри.
Шефот на противпожарната служба во Андовер, Чад Расел, изјавил дека од 300 до 400 куќи биле целосно уништени, а вкупно 1.074 куќи биле оштетени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поранешен украински министер за надворешни работи: Војната нема да заврши кога Трамп ќе ја преземе власта
Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брз крај на војната меѓу Украина и Русија кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата. Во разговорот Кулеба истакна дека има три клучни причини за неговата оценка: решеноста на претседателот Володимир Зеленски да не отстапи под притисок, неподготвеноста на Украина да се согласи на брзо решение и фактот дека клучот за мирот лежи во Москва, а не во Киев.
Според него, решението на конфликтот зависи од тоа што би можел да прифати рускиот претседател Владимир Путин за да постигне прекин на огнот, а не од отстапките од Украина. Кулеба нагласи дека одговорноста за завршување на војната е на страната што ја започнала и дека Украина нема да се согласи на еднострани отстапки.
Во контекст на се поинтензивните борби, вклучително и учеството на севернокорејските војници на страната на Русија и употребата на нови балистички ракети, Кулеба призна дека Украинците се загрижени поради ескалацијата на конфликтот. И покрај тоа, тој нагласи дека Украина нема да прифати решенија кои би го загрозиле нејзиниот суверенитет или територијален интегритет.
Европа
(Видео) Се запали руски патнички авион веднаш по слетувањето во Турција
Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата, соопшти турското Министерство за транспорт.
Министерството соопшти дека слетувањата на аеродромот биле прекинати до три часот по полноќ по локално време, додека авионот не бил отстранет од пистата.
Сите 89 патници и шест членови на екипажот се безбедно евакуирани од патничкиот авион Сухој Суперџет со 100 седишта, кој допатува од руското црноморско одморалиште Сочи, соопшти Министерството.
🚨#BREAKING: Russian passenger plane caught fire at Antalya airport in Turkey. pic.twitter.com/Zts9euvU0j
— World Source News 24/7 (@Worldsource24) November 24, 2024
На видеото споделено на социјалните мрежи, екипите за итна помош може да се видат на местото на пожарот, додека пламенот и чадот се издигаат од моторот на авионот.
Свет
Романскиот премиер Чиолаку води во првиот круг од претседателските избори
Романскиот премиер, Марсел Чиолаку и кандидатката на десниот центар Елена Ласкони освоија најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори во Романија, покажуваат излезните анкети и тие треба да одат во вториот круг.
Социјалдемократот Чиолаку, според проекциите, освоил околу 25 отсто од гласовите, додека Ласкони околу 18 отсто. Вториот круг од изборите е закажан за 8 декември.
Чолаку пред првиот круг од изборите беше фаворит меѓу 14 кандидати.
Најдобри изгледи имаа кандидатот на либерално-конзервативната реформска партија Ласкони која според излезните анкети доби 16 отсто и Џорџ Симион од екстремната десница кој доби 15 отсто од гласовите.
Претседателот ја одредува надворешната и безбедносната политика на земјата-членка на ЕУ, е врховен командант на армијата и е вклучен во проверките на тајните служби.
Клаус Јоханис е претседател 10 години и не може повторно да се кандидира.