Спорт
Хиро најдобар „шести играч“ во НБА лигата
Кошаркарот на Мајами Хит, Тајлер Хиро, ја доби наградата за најдобар шести играч во НБА лигата.
Хиро е првиот играч во историјата на Мајами кој ја освоил оваа награда. 22-годишникот добил 488 од можните 500 поени. Од 100.членови на жирито составено од новинари и телевизиски коментатори од целиот свет, 96 му ја доделиле првата позиција.
Второто место во гласањето му припадна на ветеранот од Кливленд Кавалирс, Кевин Лав, а трет е Кем Џонсон од Финикс Санс.
Хиро, во регуларниот дел од сезоната одиграл 66 натпревари, во просек играл по 32 минути, на теренот бележел 20,7 поени, пет скока и четири асистенции.
Мајами Хит го избраа Хиро од 13.позиција на драфтот одржан во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Победата на Реал во сенка на повредата на Карвахал
Реал Мадрид го победи Виљареал со 2:0 во деветотот коло, во Примера. Со овој триумф Реал се изедначи на првото место со Барселона, која утре му гостува на Алавес.
Реал ја потона „жолтата подморноца“ со две торпеда, на Валверде во 14. и Винисиус Жуниор во 73.минута. Виљареал имаше свои шанси кои не ги искористи. Пеп во првото полувреме веднаш по голот на Валверде ја погоди гредата. Во финишот добија пенал, но судијата го поништи откако ВАР покажа дека на пеналот му претходел офсајд.
Интересно Реал на овој натпревар упати само три удари во рамките на голот, два од нив завршија зад грбот на Кунде.
Реал победи, но прашање е колку скапо ја плати победата. Винисиус Жуниор во 78.минута поради повреда на рамото го напушти теренот, а во самиот финиш на натпреварот се повреди и Карвахал, кој мораше да биде изнесен од теренот.
Спорт
(Видео) Три гола на Турам, Интер го победи Торино
Интер го победи Торино с 3:2 во последниот натпревар од саботната програма во Серија А. Интер ја забележа четвртата победа сезонава, а Торно вториот пораз.
Победата на Интер му ја донесе Маркус Турам кој го постигна првиот хет-трик во Серија А. Работата на актуелниот пампион му ја олесни Марипан кој во 20.минута доби црвен картон.
Пет минути подоцна предноста од играч повеќе Интер ја искористи кога Турам го постигна првиот гол. 11.минути подоцна францускиот репрезентативец го постигна вториот гол. Асистент за двата гола беше Бастони.
Само што тргнаа од центарот гостите успеаја да намалат на 2:1 преку Колумбиецот Дуван Запата. По еден час игра Тирам го комплетираше хет-трикот. До крајот на натпреварот, Торино преку Влашиќ од пенал го намали резултатот.
Спорт
(Видео) Јокиќ им одржа говор на играчите на Мега по победата над Дубаи
Дубаи во саботата беше местото за повторното обединување на Никола Јокиќ и клубот во кој за него започна се во неговата кариера.
Кошаркарите на Мега направија мало изненадување, во драматичен натпревар го победија Дубаи со 83:80, а сведок на овој натпревар беше центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
Српскиот репрезентативец во Емирсти е со Денвер на мини-турнеја во претсезоната, а во „Кока-кола“ арената му се придружија и неговите соиграчи Дарио Шариќ и Влатко Чанчар До Јокиќ седеше првиот човек на Мега, еден од најмоќните менаџери во кошарката, Ражнатовиќ.
По натпреварот Јокиќ во соблекувалната им одржа краток говор на младите играчи на Мега, кои беа воодушевени од присуството на официјално најдобриот играч во НБА лигата.
„Задоволство ми беше да ве гледам, посакувам уште да ја имам таа желба и таа радост што вие ја имавте денес“.
Овој момент КК Мега го сподели на своите социјални мрежи.
“I wish I still had that joy and enthusiasm that you showed today” 😂🩷 pic.twitter.com/aIgM2R6D8I
— KK Mega (@KKMegaBasket) October 5, 2024