Вести
Сопругата на бомбашот од Њујорк заминала од САД неколку дена пред експлозиите
Сопругата на 28-годишниот Ахмад Кан Рахами, Американец од авганистанско потекло, обвинет за бомбашките напади во Њујорк и Њу Џерси од саботата, отпатувала од САД неколку дена пред експлозиите, изјавил официјален извор за телевизијата CNN.
Американските служби се обидуваат да стапат во контакт со неа со помош на своите колеги во Пакистан и во Обединетите Арапски Емирати“, рекол функционерот кој сакал да остане анонимен.
Дваесет и осумгодишниот Ахмад Кан Рахами, кој е обвинет за поставување експлозивни направи во текот на изминатиот текот на викендот, се оженил во Пакистан и ја довел својата сопруга во САД, се наведува во извештајот на телевизијата.
Рахами е уапсен во понеделникот во градот Линден во сојузната држава Њу Џерси по драматична престрелка со полицијата. Ги пријавил сопственикот на локал кому брадест маж кој за завреме на силен дожд спиел наспроти вратите од неговата таверна му се сторил многу сличен на осомничениот за нападите чијашто фотографија ја објави полицијата.
Рахами и двајца полицајци се ранети во престрелката. Осомничениот, кој е застрелан со повеќе куршуми е „во критична но стабилна состојба“, изјави во вторникот шефот на њујоршката полиција за телевизијата CBS News.
Властите не даваат информации за можните мотиви на Рахами за нападите, кој го сојузниот обвинител го товар по пет точки од обвинението за обид за убиство од прв степен и по две за нелегално поседување оружје.
Се очекува дека ќе бидат поднесени уште обвиненија против Рахами на сојузниот суд. Њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио изјави дека властите ја квалификуваат експлозијата на њујоршки Менхетен во којашто беа ранети 29 лица како „терористички чин“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.