Македонија
Со настан на „Школка“ во парк ќе се одбележи Светскиот ден на Црвен крст

Црвениот крст секоја година традиционално го одбележува Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина во чест на основоположникот на Движењето, Анри Динан, кој е роден на 8 мај 1828 година. Исто така во периодот од 8-15 мај се одбележува и Неделата на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Денеска на јавниот простор Школка во градскиот парк, Црвениот крст ќе организира настан од промотивно-забавен карактер за одбележување на Светскиот ден, под мотото Биди човечен/ Bëhu njerëzor. Официјалната програма ќе започне во 12:00 часот и ќе трае до 15:00 часот.
Во рамки на настанот, Црвениот крст ќе ја промовира кампањата по прва помош под мотото Првата помош спасува живот со која е предвидено е да се спроведат бесплатни обуки по прва помош за 25.000 деца од основни и средни училишта во целата земја. На овие обуки децата ќе имаат можност да стекнат основните знаења за укажување прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет.
На настанот ќе се обратат претседателот на Црвниот крст на Македонија, Ромел Велев, генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, министерот за здравство Беким Сали, директорот на Македонска пошта, Васко Стефанов, и Државниот секретар на министерството за образование Анета Трпевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.