Македонија
Средба на Спасовски со извршниот директор на полициските служби при Интерпол
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска му беше домаќин на извршниот директор на полициските служби при Интерпол, Стефан Кавано.
Како што информираат од МВР, на средбата Спасовски истакнал дека соработката меѓу Република Северна Македонија и Интерпол ќе биде продлабочена во секој облик во иднина.
„Извршниот директор на полициските служби при Интерпол се заблагодари на поканата и од име на генералниот секретар, г. Јирген Сток, и изјави дека Северна Македонија не е само кредибилен партнер, туку е и лидер во регионот за соработка во областа на сузбивање на криминалот и подобрување на безбедноста. Потенцира дека поддршката што ја даваме за размената на податоци е важна за глобалната безбедност и за сите 195 земји членки на Интерпол, жртвата што ја прави Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија со отстапување стручен кадар за придонесување на развој на активностите на Интерпол се вреднува од самата организација.
Извршниот директор напомена дека Северна Македонија е мост на Западен Балкан и дека сакаат да ги интензивираат идните активности во земјата, при што изрази благодарност за нашата спремност за организација на Европската регионална конференција, а понатаму даде и поддршка за развој, поврзување и усогласување на националниот форензички систем со системите на Интерпол“, се наведува во соопштението на Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

