Економија
Деспотовски: Над 40 милиони евра влегуваат во државниот буџет од ТИРЗ
Компаниите во Технолошко индустриските развојни зони оствариле највисоко ниво на приходи, а уплатиле најмалку 3 пати повеќе од тоа што го добиваат од буџетот на државата, покажа годишната анализа на ТИРЗ за 2021 година. Вкупното ниво на приходи достигнало над 156 милијарди денари што е за 15,6% повеќе од 2020, и за 5% од претпандемиското ниво.
„Според овие бројки можеме да констатираме дека економијата особено во Зоните, успешно ја надмина корона кризата, но и глобалната криза во снабдување со микрочипови како и првичните негативни ефекти од енергетската криза. Охрабрува тоа што и покрај глобалните случувања кои влијаат врз економијата, компаниите продолжуваат да растат,“ посочи Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ презентирајќи ја годишната анализа.
Компаниите во ТИРЗ лани оствариле вкупна добивка која надминува 100 милиони евра, што е за речиси 11% повисока од претходната 2020 година.
Презентирајќи ја годишната анализа за економските активности во зоните, Деспотовски информира дека вкупно исплатената државна помош за ТИРЗ лани била речиси 732 милиони денари, додека вкупните уплати од компаниите во Буџетот само по основ на данок на плати и надоместоци, како и социјални осигурување изнесувале речиси 2 милијарди денари. Според првичните анализи се очекува во државниот буџет да се слеат уште дополнителни 400 милиони денари од данок на добивка.
„Државата по овие основи инкасира над 40 милиони евра уплати во буџетот од страна на компаниите во Зоните што е за речиси 12 милиони евра повисоко од 2018 година. Ова значи повеќе пари во буџетот за нашите сограѓани, за нови училишта, болници, патишта. Очекувам и заради позитивните трендови кои веќе ги имаме во првиот квартал од годинава дека ова ниво на приходи во државната каса ќе продолжи да расте и понатаму,“ рече Деспотовски.
Регистриран е и пораст од околу 20% на исплатена државна помош што заедно со растот на активата е индикатор дека компаниите се во интензивен инвестициски циклус бидејќи исплатата на државната помош е врзана со реализирани инвестициски активности.Според Деспотовски особено е важен нето ефектот од уплатата и исплатата во буџетот.
„ Соодносот на уплатите од компаниите и исплатите од буџетот покажува дека компаниите во зоните уплаќаат од 2,7 пати до 5 пати повеќе од тоа што го добиваат од буџетот. Не се расфрламе со парите на граѓаните, туку со домаќински пристап и посебни мерки заедно со компаниите креираме поволна бизнис инвестициска клима и се грижиме бенефитите да бидат еднакви за сите,“ рече Деспотовски и додаде дека очекува овие позитивни трендови и покрај глобалните случувања и економска криза, да продолжат и годинава.
Анализата покажа и дека просечната плата во технолошко – индустриските развојни зони за првпат е над државниот просек и тоа за 3%, што се должи и на зголемениот број на вработени кој во 2021 година е за 5% повисок од 2020.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска–Мелинвуд: Започнува најобемната енергетска обнова на јавните згради досега
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата.
Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата досега.
Станува збор за План што веќе е усвоен од Владата по сеопфатен процес на усогласување со вкупно 33 институции, што ја потврдува неговата институционална тежина и стратешко значење за модернизација на јавниот сектор.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда, како и од постојните законски обврски. Согласно законската рамка, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција, истакнуваат од таму.
На средбата беше истакнато дека во моментов е во подготовка таканаречената scoping студија (студија за определување на опфат), со која детално ќе се утврдат параметрите за рехабилитација и обнова на зградите, како и јасни критериуми за приоритизација на објектите што први ќе влезат во процесот на реконструкција.
Со ова, е нагласено во соопштението, државата прави крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за јавниот сектор, подобри услови за работа во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови, во согласност со европските климатски политики.
„Оваа реформа претставува конкретен чекор кон позелена, поекономична и поодржлива јавна администрација – со директни придобивки за граѓаните и за државниот буџет“.
Економија
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој.
Министерот Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го имаат предадено својот род.
„Останува уште мала количина тутун која согласно предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари“, појасни министерот.
Економија
COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе
COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.
COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.
Што добиваат купувачите
- Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
- Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
- Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
- Стручна поддршка и советување при избор на производи.
- Сервисна поддршка и гаранција за производите.
- Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство.
За повеќе информации и новитети, посетете ја веб-страницата на Combo.
(ПР)

