Црна хроника
Приведени дилери на дрога од Прилеп

Синоќа, во 22.15 часот, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за криминалистичка полиција од СВР Битола, на уливата Довлеџик во Битола биле лишени од слобода С. Д. (48), С. М. (24) и С. А. (44), сите од Прилеп.
При преглед извршен кај нив, кај С. Д. биле пронајдени и одземени две пакувања хероин, амфетамини, како и поголем износ пари.
Тие биле приведени во полициска станица и во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Мопед излетал од патот во Охрид: возило му го попречил правецот на движење

Вчера во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од Т.Т.(44) од охридското село Куратица, излетал од коловозот.
Патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(60) од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Во сообраќајна незгода во Скопје тешко повредена девојка, која управувала електричен тротинет

Во сообраќајка што се случила во Скопје тешко е повредена девојка која управувала електричен тротинет откако се судрила со автомобил.
Според информациите на МЦР, вчера во 17.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(55) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Д.П.(24) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Изгореа подруми во зграда во Аеродром

Пожар избувнал вчера во подруми во зграда во Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 11.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар.
Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Повредени лица нема.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.