Европа
Прва реакција од Киев по говорот на Путин: НАТО нема да ја нападне Русија

Членот на украинскиот преговарачки тим, Михаил Подољак, зборуваше по говорот на рускиот претседател Владимир Путин на воената парада по повод Денот на победата во Москва.
Тој му порача на Путин дека земјите од НАТО не сакаат да ја нападнат Русија, а на својот „Твитер“ го напиша следново:
„Украина не планира да го нападне Крим. Руските војници умираат, не ја бранат својата земја, туку се обидуваат да окупираат друга. Од почетокот на војната немаше други рационални причини за нејзино почнување, освен болните империјалистички амбиции на Руска Федерација“, напиша Подољак.
Let's talk again. NATO countries were not going to attack Russia. Ukraine did not plan to attack Crimea. The Russian military is dying, not defending their country, but trying to occupy another. There were no rational reasons for this war other than ?? sick imperial ambitions.
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) May 9, 2022
Да потсетиме, претседателот на Русија денеска се обрати пред многубројната публика на воената парада.
„Наша должност е да го зачуваме споменот на оние за кои победивме и да не ја повториме глобалната војна. Во претходните години се обидовме да ги одржиме мировните договори, но тие не сакаа да не слушаат. Тие имаа сосема поинаков план. Сега го гледаме тоа. Според нашата територија, тоа е апсолутно неприфатливо. НАТО работи со украинските нацисти, Украина го доби најмодерното оружје. Одлуката за специјална воена операција беше единствената правилна“, рече Путин во обраќањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“