Црна хроника
Влегле во угостителски објект, претепале човек со тупаници и го влечеле по подот

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за насилство.
Според информациите, осомничените, на возраст од 43 и 27 години, на 5 мај влегле во угостителски објект на улицата Методија Шаторов-Шарло во Скопје и без никаков претходен разговор физички нападнале едно лице што седело во кафе-барот. Најприн почнале да го удираат со тупаници по главата и телото, а потоа и грубо да го малтретираат влечејќи го по подот на објектот. Во еден момент првиот осомничен зел и парче дрво – ногалка од искршен стол и со неа го удрил оштетениот по главата,нанесувајќи му дополнителни повреди. За тоа време, вториот осомничен не им дозволувал на другите присутни да се приближат.
Со дејствата двајцата осомничени предизвикале и поголема материјална штета и чувство на несигурност кај присутните и вработените во објектот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.