Забава
За овие четири хороскопски знаци најважно е задоволството на партнерот во креветот
Кога станува збор за задоволување на сексуалните потреби на партнерот, не е важно само вашето либидо – туку и што сте во хороскоп.
Знаците на зодијакот се единствени, особено кога станува збор за сексот. За некои од нив не е природно да се биде несебичен во креветот. Меѓутоа, давањето задоволство може да биде еднакво пријатно како и примањето, а некои хороскопски знаци, едноставно, се повеќе склони кон сексуална великодушност.
Овие четири хороскопски знаци се фокусираат на задоволството на партнерот во креветот, пишува „Пинквила“.
Овен
Овенот, еден од трите огнени знаци, е страстен и нестрплив и сака на својот партнер да му даде сè најдобро. Тие знаат што сакаат и кога сакаат. Доколку сте она што тие го сакаат, ќе имате партнер кој е исклучиво посветен да ви угоди во креветот – но не очекувајте многу предигра. Луѓето родени во знакот овен ќе го направат вашето искуство во креветот незаборавно.

Бик
Биковите ќе ви овозможат страстен и незаборавен момент и ќе мислат на сè. Под ова се мисли на вашите сетила. Тука спаѓаат свеќи, свилени чаршафи, многу допирање и секс во природа. Овој знак е во хармонија со сите сетила и ќе ве поттикне на секој начин.
Вага
Како знак со кој владее Венера, божицата на љубовта, сексот и убавината, вагите се одлични партнери во креветот. Тие се романтични, приврзани и слатки. Тие се нежни и уживаат во истражувањето на телото на партнерот. Вагата го цени меѓусебното сексуално задоволство. Тие се отворени за сексуални експерименти и барем еднаш ќе пробаат сè.

Скорпија
Скорпиите се емотивни и амбициозни и овие квалитети ги внесуваат во нивното сексуално искуство. Тие може и да почувствуваат кои се вашите потреби. Многу често нурнуваат длабоко во вашата душа за да ги откријат сите ваши скриени желби, само за да ги исполнат со неверојатна вештина.
Скорпиите често се исклучително селективни и имаат високи стандарди, па затоа ќе треба да го балансирате вашиот и нивниот сексуален и емоционален интензитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

