Црна хроника
45 возачи казнети за брзо возење на територија на Велес
Денеска полициски службеници од СВР Велес спроведоа акциска контрола на подрачјето на Велес за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишана, при што биле преземени вкупно 45 казни, од кои 7 возачи ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, а 38 надвор од населено место. Притоа, 3 возила биле санкционирани за движење со брзина поголема од 50 километри на час над дозволеното.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти полицијата.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од таму и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 26-годишник
Вчера во 20:30 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот Х.Д. од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Потоа, врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен бегалец од затвор, спроведен е во „Идризово“ за доиздржување на казнатa
Денеска во 09:15 часот на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода 25-годишниот А.Ј. од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот Идризово.
А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец, поради сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од КЗ.
Тој ќе биде спроведен во Затворот Идризово за доиздржување на казната.
Црна хроника
Уапсен кумановец, возел со 2.09 промили алкохол во крвта, возилото му е одземено
Денеска (03.02.2026) во 17:30 часот на автопат Куманово-ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово.
Имено, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта.
Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено.

