Свет
Путин ѝ го честита Денот на Донецката Република: Убеден сум во заедничката победа
Рускиот претседател Владимир Путин му го честита Денот на Донецката Народна Република на лидерот Денис Пушилин нагласувајќи дека е убеден во заедничка победа.
„Убеден сум дека нашите заеднички напори ќе ни овозможат да ја надминеме секоја пречка и да постигнеме победа“, се наведува во телеграмата на претседателот на Русија објавена на веб-страницата на Кремљ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум Палестинци загинаа, а 32 се ранети во израелски бомбардирања
Седум Палестинци загинаа, а најмалку 32 се ранети во израелско бомбардирање на блокираниот Појас Газа, јавува дописникот на ВАФА.
Тој рече дека израелските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз северните и западните делови на бегалскиот камп Нусејрат, при што загинале четворица Палестинци, а 15 други се ранети.
Тој додаде дека израелски воени авиони извршиле три воздушни напади врз населбата Заитун во Газа, при што загинале три лица, а десет се ранети.
Борбени авиони го нападнаа и градот Џабалија и бегалскиот камп во северниот појас, при што беа повредени седум лица, меѓу кои три деца.
Во меѓувреме, израелската артилерија ги гранатираше бегалските кампови Ал-Буреј и Ал-Магази во централниот појас, населбите Тал ал-Хава, Шеик Ијлин и аз-Зајтун во градот Газа, како и кулата Шеик Зајед во Беит Лахиа.
Во јужната зона, артилерија нападна цивилни куќи во источниот дел на градот Кан Јунес.
Свет
ОН: Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани убојни средства во Газа може да потрае 14 години.
Според проценките на ОН, за време на војната низ Газа биле создадени 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив бил расфрлан со бомби и други видови муниција кои не експлодирале, пишува ТАСС.
OCHA изјави дека околу два милиони луѓе, или половина од населението на Газа, нашле засолниште во Рафах, кои имаат потешкотии да пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти.
Свет
Со возило удрил во куќа, па почнал да напаѓа луѓе со меч во Лондон, има повредени
Неколку лица, меѓу кои и двајца полицајци, се повредени во нападот што се случи во североисточен Лондон во близина на фреквентна станица на метрото.
Како што објави SkyNews, маж кој носел меч најпрво удрил со своето возило во куќа, а потоа со мечот ги повредил минувачите и полицајците кои се обиделе да го задржат.
Се се случило околу 7 часот утринава, а на терен се голем број полицајци.
Метро станицата Хаинолт веднаш била затворена, пренесува Телеграф.