Македонија
Грковска – Карис: Дигитализацијата е предуслов за ефикасно и транспарентно општество

На маргините на дигиталната конференција E-governance, што се одржува во Талин, Естонија, заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, имаше средба со претседателот на Естонија, Алар Карис, со кој разговараа за предностите што дигитализацијата на општеството ги обезбедува за сите граѓани.
Грковска се заблагодари за поддршката што Естонија ѝ ја дава на Македонија во процесот на дигитална трансформација на општеството, процес за кој Владата е цврсто определена да го реализира со цел да изгради професионален, ефикасен и отчетен систем во сервис на граѓаните.
Карис, како што информираат од нејзиниот кабинет, оценил дека е многу важно државата да има координиран пристап во сите чекори што ги презема во делот на дигитализацијата и нагласи дека искуството на Естонија може да помогне во сите фази на дигитализацијата. Тој потенцира дека секоја држава, вклучително и Естонија, во спроведувањето на оваа реформа се соочува со предизвици, но со позитивен пристап тие секогаш се надминуваат.
Двајцата соговорници се согласија дека дигитализацијата носи многу предности, особено за граѓаните во чиј интерес е да имаат ефикасни и брзи услуги.
Она што е важно, според Грковска, е граѓаните да имаат доверба во институциите на системот, а тоа може да се постигне со транспарентно работење во интерес на граѓаните.
Дигитализацијата, додаде таа, освен што ја зголемува ефикасноста на институциите, но и на услугите, обезбедува и транспарентност во работењето на државните органи, што е клучно за принципот на добро владеење.
Грковска, во рамките на проектот за унапредување на дигитализацијата на Македонија, а во соработка со естонскиот Центар за меѓународен развој и со поддршка на Соединетите Американски Држави, е во тридневна посета на естонските институции, кои се носители на естонското дигитално општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до 31.5.2025, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Христо Татарчев 22/4, во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак 22.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.
Наведената улица нема да биде проодна за сообраќај.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Oд 06:30 до 13:00 часот, дел од с.Сарај ул.4 – пат за с.Љубин кај кафе Лозана. (Општина Сарај)
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.Лазар Трповски зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски. (општина Чаир)
· Oд 09:00 до 15:30 часот,с.Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово.(општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Наум Чакаров бр.1-5 и ул.Борис Сарафов бр.105-121.(Општина Ѓорче Петров)
· Oд 12:00 до 13:00 часот, дел од ул.1 во с.Побожје, пат кон Бутел. (Општина Чучер Сандево)