Македонија
Јовески: Нашата работа мора да биде независна и да се базира на доказите
Јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески, се обрати на свечената церемонија по повод приемот на осмата генерација во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Идните слушатели на Академијата, Јовески ги упати на самостојно, независно и неселективно извршување на задачата.
Ова е значаен ден за институциите, за граѓаните и за државата, особено во ова време кога во земјата има недостиг на јавни обвинители и судии, констатира Јовески.
„Од вас се очекува да бидете гарант за ефикасно правораздравање. Правото мора да биде еднакво достапно за сите граѓани бидејќи селективноста е најголема неправда. Нашата работа мора да биде независна и да се базира на доказите и фактите во постапката“, рече Јовески.
„Само ефикасен и независен правосуден систем ќе биде основа граѓаните да имаат поголема доверба во правосудните институции“, рече министерот за правда Никола Тупанчески потсетувајќи ги идните слушатели на Академијата дека да се биде дел од третата власт во државата е предизвик, но и голема одговорност.
Успешен почеток на обуката и успешно завршување на Академијата на кандидатите им посакаа претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, претседателот на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски, како и заменик-претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми.
Осмата генерација во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ има вкупно 97 слушатели, а нивната обука ќе трае 2 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица
ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено за џебовите на нивното раководство и ним блиските роднини. Кога од партија се претворија во Коза Ностра, велат од албанскиот опозициски блок „Влен“.
„Сега кога доаѓа време за одговорност за коруптивните скандали се обидуваат како штит да го користат целиот Албанскиот народ и помалите етнички заедници кои ги користат како заложници. Тие веќе видени трикови не поминуваат. После 8-ми мај ќе има и Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички репрезент на Албанците, ќе има и Бадинтерово мнозинство, ќе бидат обезбедени и фундаментите на Охридскиот Рамковен договор и ќе има одговорност за сите што се огрешиле пред законите.
Не може и не смее одењето во опозиција ДУИ да го претставува како проблем за опстанокот на државата. Тоа е крајно неодговорно и кукавички. Затоа ги повикуваме да престанат да ги срамат Албанците и славните борци на УЧК.
Не е крај на светот ако отидат во опозиција. Гарантираме дека нема да има политички реваншизам туку ќе само одговорност утврдена во фер правосудни постапки“, велат од партијата преку соопштение.
Македонија
Игор Димески од Тетово: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите
Носителот од Левица во ИЕ6, Игор Димески, денес беше на средба со тетовските пензионери.
Пред пензионерите ја претстави Програмата на Левица за целната група – пензионерите, за која партијата има поставено јасни законски прописи.
„Со Програмата на Левица целиме кон: линеарно покачување на пензиите, 2/3 повисоки пензии во однос на минималната плата, државни пензионерски домови, намалување на старосната граница за пензионирање и тоа: 60 години за жени, 62 години за мажи”, истакна Игор Димески од средбата со пензионерите во Тетово.
Носителот Игор Димески потенцираше дека пензионерите во денешно време се столб на финансирање на семејството и дека нивниот статус треба на општествено ниво да се промени и да имаат спокојна старост.
Исто така, Димески на тетовските пензионери им понуди бесплатана правна помош од страна на Левица и отворена соработка во секое време.
Пензионерите истакнаа дека се оставени самите на себе за одржување на здруженијата со свои финансии, а револтот го насочија и кон опустошениот пензиски фонд.
Македонија
Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада
Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски одговори на прашањето дали како партија би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ да формираат Влада, во случај да не успеат да стигнат до 61 пратеник.
Ковачевски вели: „Оној кој што не може да формира Влада, значи дека ги изгубил изборите“.
Прашан за коментар за кампањата на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски рече дека јавно ги осудил изјавите и на Ахмети во однос на скандирањето на плоштадот Макеоднија.
„Тие работи не’ враќаат 20 години наназад, во едно закопано минато кое сме го надминале со Охридскиот договор и членството во НАТО благодарение на СДСМ, и сме го надминале со почетокот на преговорите со ЕУ,истотака благодарение на СДСМ. Истовремено упатив порака и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката на таа партија Сијановска дека националистичката реторика не води никаде“, рече Ковачевски.
Како што рече, СДСМ е единствената партија којашто се бори за мултиетничко општетство, рамноправност на сите граѓани и интеграција во Европската Унија.