Спорт
ФИФА потврди истрага против Еквадор, Италијанците „сонуваат“ за место на СП
Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека ќе има истрага за фалсификување документи во случај во кој Еквадор може да го загуби местото на Светското првенство во Катар во 2022, на што може да „профитираат“ Перу и Италија.
Чилеанската фудбалска федерација поднесе жалба до дисциплинската комисија на ФИФА, тврдејќи дека со фалсификувани документи, Бајрон Давид Кастилјо добил еквадорско државјанство, откако тој настапи на осум меча од квалификациите.
Еквадор се падна во група со Катар, Холандија и Сенегал во ждрепката за СП, и ако биде исфрлен, Перу ќе добие директен пласман на турнирот, наместо да игра бараж со Австралија, а Чиле би го добил местото во баражот.
Италијанците, пак, се надеваат на неверојатното сценарио ФИФА да се реши да ја прати на Мундијалот репрезентацијата со највисок рејтинг кој не е квалификуван, што е Италија, по поразот од Македонија во полуфиналето на европскиот бараж.
Statement on complaint made by Chilean Football Association: https://t.co/RCYvQZgMg5 pic.twitter.com/cNDgPWNEFi
— FIFA Media (@fifamedia) May 11, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

