Македонија
Хаос во Собранието, Џафери до Мицевски: Тргни се од пултот ако не си за тепање
Хаос се случува за време на собраниската седница која трае и по работното време на Собранието. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски прво бараше процедурално, но спикерот Талат Џафери не дозволи. Тој бараше да се гласа за дневниот ред, откако претходно даде збор на двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои не излегоа на говорницата бидејќи и натаму се бараше процедурално. По ова, Џафери му рече на Мицевски да се тргне од неговиот пулт ако не е за тепање.
„Не допирајте ме, не напаѓајте ме“ реагираше Мицевски по што Џафери му рече: „Тргни се, оди си на говорница“. По ова Џафери го стави изминатиот дневен ред на гласање, а Мицевски реагираше: „Брука си, срамота, кој дневен ред“.
Додека се броеше гласањето на пратениците, Џафери му порача на Мицевски: „Правете што сакате да правите, не доближувајте се до мене. Што сакате правете, не доближувајте се до мене“.
Пратеничката Дафина Стојаноска му рече на Џафери: „Не плашете се“, а тој констатираше: „За дневниот ред се изјаснија 61 пратеник. Против се 39 пратеници кои стојат овде“.
Мицевски остана на пултот кај Џафери да бара процедурално.
„Оди седи на твое место ако не си за тепање, оди на свое место ако не си за тепање“, му рече Џафери на Мицевски.
На дофрлање од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои беа собрани околу Џафери, спикерот рече: „Немој бе, немој!“.
Сепак, Џафери констатираше дека 100 пратеници од кои 61 „за“, а 39 „против“. Мицевски бараше процедурално да за се утврди бројот на пратеници, што Џафери го направи откако пратениците гласаа.
„Може да сметате за диктатура, може за демократија, процедурата е таа. Уживајте демократија е ова, ова е словото. Деловникот “, порача Џафери.
Мицевски доби право на збор, излезе на говорницата, но неговиот микрофон беше исклучен. Тој реагираше: „Аман вклучете ме денеска“, по што беше вклучен.
„Пред да го ставите дневниот ред на гласање, поминавте одлука дека членот 29 по барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ. Донесовте одлука за промена на член на Деловник. Ова верувајте ќе се изучува како негативна практика на факултетот за право“, му рече Мицковски.
Врати и Џафери: „Нека се изучува и треба да се изучува“.
„Јас тука барав јас да зборувам, не вие да дискутирате со мене. Кога е бал нека е маскенбал, да тераме до сабајле“, му порача Мицевски.
На крајот по сите објаснувања, Џафери рече: „Граѓаните очекуваат Собранието да функционира и ќе функционира“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун.
Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит.
За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на пријателските и партнерски односи на билатерален и мултилатерален план.
Истакнувајќи дека обете држави имаат богата историја и вредно културно наследство, Сиљановска-Давкова очекува интензивирање на соработката во културата, образованието и туризмот, како и во рамките на ООН и другите меѓународни организации.
На церемонијата, новоименуваниот амбасадор Абделмаџид Наaмун ја истакна својата желба да гради нови мостови на пријателство и меѓусебно разбирање.
Двајцата изразија загриженост за геополитичките предизвици со коишто се соочени сите држави и народи, без оглед на географската положба и големина. Тие ја потенцираа потребата од мултилатерализам како соодветен одговор и механизам за решавање на проблемите.
Сиљановска-Давкова и амбасадорот Наамун се согласија дека донесувањето правна рамка за регулирање на меѓусебните односи, како и размената на посети на највисоко ниво ќе ја поттикат соработката.
Соговорниците имаа усогласен став и во однос на потребата од реформи во Обединетите нации, како и за неопходноста од назначување на жена на највисоката позиција – генерален секретар.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.

