Црна хроника
Приведени две лица, пронајдена муниција

Денеска околу 12:40 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишија од слобода К.Г.(26) и Ф.М.(21), двајцата од с.Стајковци, Скопско.
При преглед во патничко возило „мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, извршен на паркинг-простор на подрачјето на Гази Баба во кое се затекнати двете лица, пронајдени се и одземени две кутии со куршуми 7.62 мм.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени пиротехнички средства

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В.(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот.
Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Лицето било лишено од слобода и во полициска станица, во присуство на адвокат, со него бил извршен службен разговор, а од инспектор за заштита и спасување издадени се прекршочни платни налози и издадено е решение за забрана за работа до отстранување на неправилностите.
За настанот бил известен јавен обвинител.
Црна хроника
Ученик со лисици врзал соучесник во Велес и му вперил пластичен пиштол

Во СВР Велес, од Основното општинско училиште во Велес денеска во 10 часот било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол.
Од малолетникот бил одземен пиштолот и бил предаден на полициски службеници.
За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат попладнево од СВР Велес.
Црна хроника
МВР со детали за сообраќајната несреќа кај „Дајмонд“: 27-годишната скопјанка со повреди пренесена во болница

Вчера во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин и сервисна улица која води од булеварот кон катна гаража „23 Јули“ во Скопје, патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(21) од село Никуштак, општина Липково, удрило во пешакот Т.С.(27) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобила Т.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.