Македонија
Стоилковски: СДСМ и Ковачевски бегаат од лидерска средба за да не се отвори прашањето за брзи предвремени парламентарни избори

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарски прашања во однос на резултатите од истражувањето на јавното мислење на ИПСОС каде што ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност и дали е можна лидерска средба и зошто СДСМ и Ковачевски ја одбиваат истакна дека СДСМ и Димитар Ковачевски бегаат од лидерска средба за да не се отвори прашањето за брзи предвремени парламентарни избори кои што се всушност неминовност, а истражувањата на јавно мислење на речиси сите анкети покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има речиси двоцифрена предност пред СДСМ.
„ СДСМ и Димитар Ковачевски бегаат од лидерската за да не се отвори прашањето за брзи предвремени парламентарни избори кои што се всушност неминовност. Сите анкети како и денеска објавената анкета и резултатите од анкетата на ИПСОС покажуваат дека државата тоне во катастрофа, граѓаните се незадоволни, а опозицијата има речиси двоцифрена предност пред СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ 22% ,СДСМ 12,9%. Не анкетите туку состојбите катастрофата и ставот на народот е најголемиот импулс за брзи предвремени избори за спас од националната катастрофа. Дозволете ми и да прочитам дел од најзначајните проблеми дури 55% од граѓаните зборуваат за лош стандард, ниски плати, пензии, високи цени, економија, финансии, невработеност, криминал и корупција“, истакна Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.