Македонија
Тренчевска: Заедно со граѓанскиот сектор ги унапредуваме правата на маргинализираните групи граѓани
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска потпиша меморандум за соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА во делот на спроведување активности, кои се од заеднички интерес во унапредување на вработеноста и вработливоста на Ромките како маргинализирана група граѓанки.
„Целта на овој меморандум е да се воспостави одржлива соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика и ХЕРА, со што ќе го унапредиме Националниот оперативен план за вработување со мерките и услугите, кои се во согласност со потребите и капацитетите на целната група“, рече Тренчевска.
Таа дополни дека зајакнувањето на капацитетите на стручните служби и административните работници се исто така вклучени во програмите за вработување за работа со Роми.
„Преку заеднички заложби ќе дизајнираме специфични мерки за вработување Ромки и адаптирање на постојните мерки во Оперативниот план за вработување во согласност со потребите и капацитетите на целната група во соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Исто така, ќе обезбедиме финансиски средства од буџетот на РСМ и меѓународни донатори за успешна имплементација на мерките“, истакна Тренчевска.
Двете страни се согласија на плодна соработка, која ќе придонесе до поголема еднаквост во правата на сите граѓани на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

