Спорт
ЕСПН: ПСЖ го призна поразот, Мбапе заминува во Реал
Пари Сен-Жермен се откажал од можноста да го убеди Килијан Мбапе да потпише нов договор и многу бргу тој ќе открие дека се сели во Реал Мадрид, тврди ЕСПН.
Според нивните извори, постојат само мали детали што треба да се договорат помеѓу адвокатот на Мбапе и шпанскиот шампион, Реал Мадрид, но нема никаква пречка во реализирањето на договорот. ПСЖ бил сигурен дека Мбапе ќе остане уште минатата недела, но по сите обиди да го убедат 23-годишниот Французин по пет години на „Паркот на принцовите“, не успеале.
Тие му понудиле огромен договор, му ветиле посилен тим за следната сезона, а дури му ја понудиле и капитенската лента и 100 отсто од комерцијалните права на неговиот лик. За Мбапе, кој ја имаше најдобрата сезона во кариерата со 25 гола и 17 асистенции во 34 меча во Лига 1 и третпат беше избран за најдобар играч во Франција, парите не биле одлучувачки, туку неговата амбиција да игра за „кралскиот“ клуб.
Мбапе во понеделникот изјави дека е речиси одлучен за својата иднина, а шпекулациите во шпанските медиуми тврдеа дека Реал ќе го презентира по финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул на 28 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пулишиќ под еден услов ќе остане во Милан
Кристијан Пулишиќ сè уште не потпишал нов договор со Милан, иако навивачите долго време очекуваа таков потег од клупското раководство.
Актуелниот договор на Американецот истекува во јуни 2027 година. Според информациите од „Чизмата“, Пулишиќ не потпишал само од една причина – сака гаранции дека клубот ќе се квалификува во Лигата на шампионите.
Според моменталните услови, Пулишиќ заработува 4,4 милиони евра годишно, а челниците на Милан ќе му ја зголемат платата на за 1,1 милион евра, на 5,5 милиони евра годишно, доколку ја продолжи соработката.
Негов приоритет е да остане на „Сан Сиро“.
Милан моментално е третопласиран тим во италијанското првенство, два бода зад првопласираните Интер и Рома.
Пулишиќ одигра девет натпревари оваа сезона, постигна шест гола и додаде две асистенции во сите натпреварувања.
Foot/ EPA
Спорт
Цехте го напушти Еурофарм Пелистер
Репрезентативецот на Словенија, Нејт Цехте, доби дозвола од клубот и го напушти Еурофарм Пелистер.
Цехте кариерата ќе ја продолжи во Бундес лигата, во дресот на Фуксе Берлин.
„Репрезентативецот на Словенија Цехте дојде во Еурофарм Пелистер во 2023 година. Тој како наш член освои две титули шампиони на Македонија, како и еден СУПЕРКУП.
Еурофарм Пелистер му посакува многу среќа во новиот клуб, на овој голем професионалец, а пред се добар човек!
Среќно Нејц, Битола секогаш ќе те памети!“
Цехте, во кариерата играл во Бундес лигата, четири сезони го носеше дресот на Хановер.
Фото/ Фејсбук, РК Еурофарм Пелистер
Спорт
Двајца македонски пингпонгари на светски младински камп во Кина
Два талентирани претставници на македонскиот пинг понг, Јован Пармачки и Матеја Смолиќ, ќе учествуваат на светски младински камп што ќе се одржи од 3 до 13 декември во Народна Република Кина. Кампот е организиран од Меѓународната пингпонгарска федерација (ITTF) и националната федерација на Кина.
Македонските пингпонгари ќе бидат предводени од селекторот Сашко Богатинов, а домаќин на подготовките ќе биде градот Ченгду, каде што ќе се соберат најперспективните играчи во категоријата до 15 години.
Од Пингпонгарската федерација на Северна Македонија потсетуваат дека овој чекор доаѓа по соработката со Амбасадата на Народна Република Кина и средбата со амбасадорката Џијанг Сјаојан, која, како што наведуваат, веќе дава први резултати.
„На Матеја и Јован им посакуваме пријатен престој во Кина и собирање на големо знаење и искуство во друштво на најперспективните пинг понгари од целиот свет,“ соопштува федерацијата.

