Црна хроника
Босанската истрага за кингерот нема да ги опфати тврдењата на адвокатот Панчевски
Новата истрага која што босанските власти најавија дека ќе ја отворат за загинувањето на претседателот Борис Трајковски, нема да ги опфати доказите за кои зборуваше адвокатот Игнат Панчевски.
Одговарајќи на прашање на босанското дописништво на турската агенција „Анадолија“, дали новата истрага ќе ги опфати и новите докази за кои во јавноста говореше адвокатот Игнат Панчевски, претседателот на Комисијата за воздухопловство при Министерството за транспорт и комуникации на БиХ, Омер Кулиќ рекол дека „новата истрага нема врска со адвокати“.
Панчевски последно тврдеше дека има сателитски снимки кои покажуваат како Кингерот со ракета го погодил друг авион.
Како што најави Кулиќ, во наредните два до три дена ќе биде соопштена одлуката во врска со можноста за отворање на нова истрага, односно обновување на истрагата.
„Владата на Македонија формирала Комисија која шест години работела на овој проблем. Направиле многу и ние со нив сме во постојана врска. Многу брзо се ќе биде готово. Најверојатно ќе се оди кон отворање на нова истрага“ вели Кулиќ.
Запрашам што подразбира под нова истрага и дали тоа би значело дека истражните органи повторно ќе излезат на терен и ќе сослушуваат сведоци, Кулиќ појасни дека ќе биде спроведена комплетна истрага и дека ќе биде направено се што е потребно.
Во јули македонскиот министер министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на својот босански колега Дамир Хаџиќ му достави документ со нови сознанија за падот на авионот во близина на Мостар, во кој загинаа тогашниот македонски претседател Борис Трајковски и неговите соработници.
Новиот извештај на кој работеа десетици македонски експерти, пилоти и правници лоцирал многу пропусти на првичната истрага од страна на босанските воздухопловни власти кои не биле истражени.
Министерот Јанакиески му упати на Министерот Хаџиќ официјален предлог за повторно отворање на истрагата и му предложи формирање на мешовита работа група за таа цел.
Владиниот „кингер“ со кој патуваше претседателот Трајковски на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина на 26-ти февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар.
Беше предвидено авионот да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот. И македонското и босанското обвинителство случајот го затворија како несреќа. Официјално несреќата се случила поради грешка на пилотите.
Сомнежите дека загинувањето на Трајковски не е несреќен случај, туку убиство ги поттикна швајцарскиот пратеник во европскиот парламент Андреас Грос. Тој беше и иницијаторот за формирање на анкетната комисија која ги истражува околностите под кои загина претседателот Трајковски.
Во несреќата покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан – Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбени две финансиски друштва во Скопје во рок од еден час
Во раните утрински часови на 17 јануари 2026 година, во Скопје се случиле две кражби во објекти на финансиски друштва, при што биле одземени сефови со пари.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првата кражба била пријавена во 04:44 часот во скопската општина Гази Баба, каде што насилно било влезено во објект на финансиско друштво и одземени биле пари од сеф
Само околу 40 минути подоцна, во 05:20 часот, слична пријава била поднесена и од општина Центар. И во овој случај, насилно било влезено во објект на финансиско друштво, од каде бил однесен сеф со пари.
Од СВР Скопје соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Засега нема информации за крадците, ниту за сумата што била одземена или евентуалната поврзаност на двата случаи.
Црна хроника
Битолчанец се сомничи за напад врз неговата 79-годишна баба, со тешки повреди пренесена во болница
Полицијата вчера го приведе Т.Р. (28) од Битола, во казино лоцирано на улицата „Партизанска“, поради сомнение дека физички ја нападнал својата 79-годишна баба во семејниот дом.
Според информациите од полицијата, при нападот на жената ѝ биле нанесени тешки телесни повреди. Таа со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Во координација со надлежен јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Скопјанец со автомобилот удрил во млад човек пред локал, приведен е во Карпош
На 17 јануари 2026 година, околу 14:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.С. на подрачјето на општина Карпош, поради насилен инцидент што се случил ден претходно.
Според пријавата, на 16 јануари, пред угостителски објект, осомничениот со своето возило прво го оштетил автомобилот на 23-годишниот Г.Ѓ. од Скопје, а потоа со истото возило го удрил и него. По инцидентот, полицијата започнала постапка, а ден подоцна го лишила од слобода Н.С.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

