Црна хроника
Насилно им влегол дома и им барал пари

Скопјанец со метален предмет оштетил влезна врата од куќа, при што барал пари и им се заканувал на домашните.
Според информациите, се работи за 39-годишниот М. И. од Скопје, кој упаднал во куќа сопственост на Д. Ф., а им се заканувал на Х. Д. (65), Ш. Н., Б. Р. и на нејзината внука, сите од Скопје.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен маж од скопско Мирковци, фатен како краде нафта од училиште

Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија го лишија од слобода 41-годишниот А.Ш. од Скопје.
Имено, А.Ш. бил затекнат во дворно место од основно училиште во село Сандево, скопско како од резервоарот за нафта одзема нафта.
Нафтата е вратена на одговорното лице од училиштето, извршен е увид и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Топ
Полициска потера на патот Скопје – Велес: испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода 45-годишниот Н.А. и 23-годишниот А.Ј. од Скопје.
Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на улицата „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода.
Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија. Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „ренџ ровер“, возачот на возилото „ренџ ровер“ во два наврати удрил во полициското возило.
Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Уапсени двајца возачи во Куманово, возеле под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

Вчера во 17:00 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода С.Л.(18) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека С.Л. управувал патничко возило „сеат“ со брзина од 99 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
Исто така, вчера во 23:20 часот на патот Куманово – Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.М.(60) од Кратово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно „застава“, управувано од З.М. и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,03 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.