Свет
Русите објавија дека имаат ново моќно ласерско оружје и дека тоа е веќе во Украина

Русија денеска откри дека користи нова генерација моќно ласерско оружје за палење дронови во Украина. Исто така, објави дека распоредува тајно оружје за да се спротивстави на големото количество западно оружје што се доставува до таа соседна земја.
Во 2018 година претседателот Владимир Путин воведе многу нови оружја вклучувајќи нова интерконтинентална балистичка ракета, нуклеарни подводни дронови, суперсонично оружје и ново ласерско оружје. Но, малку се знае за новото ласерско оружје. Путин спомена еден од нив – „Пересвет“, именуван по средновековниот руски православен монах Александар Пересвет, кој загинал во битка.
Јуриј Борисов, заменик-премиер задолжен за развој на армијата, на конференцијата во Москва рече дека „Пересвет“ е веќе распореден и дека може да ги заслепи сателитите до 1.500 километри над Земјата. Тој додаде дека веќе има помоќни руски системи од „Пересвет“, кои може да согоруваат беспилотни летала и друга опрема. Борисов рече дека вчера е извршено тестирање на оружје кое за пет секунди изгорело дрон од пет километри.
„Ако ‘Пересвет’ може да ослепи, тогаш новата генерација ласерско оружје доведува до физичко уништување на целта – термичко уништување, тие паѓаат“, изјави Борисов за руската државна телевизија. На прашањето дали такво оружје се користи во Украина, Борисов рече: „ Да. Таму веќе се користат првите прототипови“.
Тој рече дека оружјето се вика „Задар“. Речиси ништо не се знае за „Задар“, но руските медиуми во 2017 година објавија дека руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ помогнала во развојот на тоа оружје како дел од програмата за создавање оружје заснована на нови физички принципи, познати под рускиот акроним ONFP.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.