Црна хроника
Малолетен пешак тешко повреден по удар од автомобил

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „3“ во с. Трубарево, Скопско, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во Велес приведен маж поради кражба на ташна, ја турнал сопственичката

Вчера, околу полноќ, полициски службеници го приведоа Н.А. (44) од Велес, кој е осомничен дека на улицата Христо Татарчев турнал 38-годишна жена и ѝ ја одзел ташната со пари.
Парите и ташната веднаш беа пронајдени и враќени на сопственичката. Н.А. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител, соопшти МВР.
Откако ќе се заврши целосната истрага, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во Тетово ги лишиле од слобода А.Е.(18) и малолетник, двајцата од Тетово, постапувајќи по пријава од 37-годишна жена од Тетово.
Имено според полицијата, тие во неколку наврати извршиле обљуба врз двете малолетни ќерки, а притоа и снимале со мобилен телефон и едната малолетничка ја принудувале на сексуален однос со други лица.
Полицијата соопшти дека е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Уапсен маж од Радовиш: со искрите од апарат за заварување предизвикал пожар на сува трева, кој се проширил и на шумата

Вчера во 14 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 45-годишниот Р.И. од Радовиш.
Тој околу 13 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, користел апарат за заварување и со искрите предизвикал пожар на сува трева, кој брзо се проширил и зафатил нискостеблеста шума.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.