Спорт
ФИА вели дека Астон Мартин не е копија на Ред бул
Светската автомобилистичка федерација (ФИА) утврди дека Астон Мартин не го копирале болидот на Ред бул откако повеќе тимови изразија загриженост за сличноста на нивниот АМР22 и Ред бул РБ18 пред шпанското ГП.
Тимот од Силверстоун во Барселона излезе со модифициран болид, кој од страните изгледа идентично како болидот на Ред бул од оваа сезона и веднаш беше наречен зелениот Ред бул. Сличностите донесоа до истрага на ФИА бидејќи според техничките правила не е дозволен таканаречен обратен инженеринг, што би се сметало за прекршуваање на лиценцните права. Ова не е првпат тимот што претходно беше познат како Рејсинг поинт да се наоѓа под ваква истрага откако во 2020 година имаа копија на болидот на Мерцедес од 2019 година, тогаш наречен розов мерцедес.

„Истрагата, вклучувајќи проверка на компјутерскиот дизајн и детаљна анализа на развојниот процес на Астон Мартин, потврди дека не се направени прекршоци, така што подобрувањата на Астон Мартин се во рамките на правилата“, се вели во објавата на ФИА.
Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, вели дека сличноста не е случајна посочувајќи на повеќе поранешни вработени на Ред бул, кои сега работат кај ривалите – поранешниот шеф на аеродинаимка Ден Фелоус и поранешниот шеф на технички операции, Ендру Алеси.
„Копирањето е најискрен израз на ласкање. Навистина е нешто посебно да го наведеш својот тим да дојде со нешто што личи на клон на нашиот болид. Неколку луѓе отидоа во Астон Мартин во текот на зимата и не можеш да контролираш што ќе однесат од тимот во својата глава. ФИА треба да го разгледа тоа“, изјави Хорнер.

Советникот на Ред бул, Хелмут Марко, беше поостар.
„Мора да се разјасни како дојдовме до оваа неверојатна копија. Седум луѓе беа привлечени од нашиот тим вклучувајќи го шефот на аеродинамиката со понуда за неверојатно високи плати. Не е само Ден Фелоус. Има докази дека биле копирани податоци“, обвини Марко.
Розовиот мерцедес на Рејсинг поинт добил зелено светло од ФИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

