Спорт
Осака може да не оди на Вимблдон: Без рејтинг-поени, тоа е егзибициски турнир
Четирикратната гренд слем шампионка, Јапонката Наоми Осака призна дека размислува да го пропушти Вимблдон, откако АТП и ВТА решија да не доделуваат рејтинг-поени за гренд слемот по нивната одлука да не дозволат настап на руските и белоруските тенисери на турнирот.
Поранешната светска тенисерка број 1, признава дека би било тешко да се даде максимумот бидејќи Вимблдон на тој начин претставува „егзибициски турнир“.
„Секако, одлуката да ги тргнат рејтинг поените влијае на мојата одлука пред сезоната на трева. Не сум 100 отсто сигурна дека е одам таму. Сакам да добијам искуство на игра на трева, но од друга страна, нема поента, а јас сум тенисерка која се мотивира со кревање на рејтинг поените. Вимблдон без поени е егзибициски турнир. Знам дека ова не е вистина, но имам такво чувство. Уште не сум одлучила, но сегашната ситуација значи дека најверојатно нема да играм“, вели 24-годишната Осака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал Мадрид најде замена за Хезоња
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид.
Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, во кариерата на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и два скока.
Според турските медиуми, Коркмаз ги започнал преговорите со Реал. Од дуга страна Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.
Спорт
Математиката на Челси, Лукаку+пари = Виктор Осимен
Ромелу Лукаку (30), по три сезони минати во Интер и една во Рома, во Серија А би можел да го облече дресот на Наполи.
Белгиецот изминатите две сезони настапува како позајмен, во Интер и Рома. Доколку се пресели во Наполи тој би бил дел од трансферот на Виктор Осимен.
Италијанските медиуми најавуваат дека 25-годишниот Нигериец следното лето би можел да го засили Челзи во трансфер вреден меѓу 80 и 90 милиони евра и дека Лукаку ќе послужи како своевидна „доплата“ во таа „зделка“.
За Осимен се заинтересирани и саудиските клубови, па Челзи ќе мора да му понуди голема плата доколку сака да го обезбеди потписот на нигерискиот репрезентативец.
Спорт
(Видео) Меси и Суарез го декласираа Њујорк Ред Бул
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси стана првиот играч во историјата на МЛС со пет асистенции на еден натпревар.
Меси го растури Њујорк Ред Бул со гол и пет асистенции. Интер славече победа 6:2.
Домашниот тим со пресврт дојде до седмата победа оваа сезона, откако Њујорк поведе во 30. минута преку Данте Ванзеир.
Матијас Рохас израмни во 48. минута, а Меси погоди две минути подоцна.
Рохас ја затресе мрежата на гостите во 62. минута, а Луис Суарез постигна хет трик во финишот.
Погоди во 69., 75. и 81. минута, а Њујорк Ред Бул постигна уште еден гол во седмата минута од судиското надополнување преку Емил Форсберг од белата точка.
Интер е прв во Источната конференција со 24 бодови, додека Њујорк Ред Булс е четврти со 17 бодови.