Свет
Италија развила план за мир во Украина, Москва го разгледува
Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.
Првата цел е прекин на борбите во некои области, потоа прекин на огнот, преговори за неутралност и, конечно, мировен договор.
„Сега ни треба дипломатска контраофанзива“, изјави Ди Мајо за La Stampa, нагласувајќи ја потребата од координирани меѓународни напори.
Планот, развиен од дипломати и италијанската влада, беше претставен пред преговарачите од групација Г7, рече Ди Мајо. Тој разговараше и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Ди Мајо, сепак, е песимист за преговорите со Русија. „Не сакам да испаднам дека сум злобен пророк, но не гледам дека се водат никакви преговори“, рече тој.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко изјави дека Москва го разгледува предлогот за италијански мировен план за ставање крај на конфликтот во Украина.
„Неодамна го добивме и го проучуваме“, рече тој. Нагласи дека немало разговори меѓу Русија и Италија, додавајќи дека Русија подоцна ќе го коментира планот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) „Европа мисли дека Америка ќе и се врати, нема, некој мора да им објасни“: Вучиќ за актуелните случувања во светот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за актуелните настани во светот.
– Кога имав 16, 17 години, девојка ми ме напушти, и не можев да се свестам една година, си помислував што ќе ми се случи. Па, исто е и со Европа, таа мисли дека Америка ќе ѝ се врати, дека оваа љубов е вечна. Не е“ – рече Вучиќ во видео објавено на Инстаграм и додаде:
„Тие никогаш нема да се вратат, само некој треба да им објасни и да им каже“, пренесуваат медиумите во соседството.
Свет
(Видео) Околу 4.000 летови откажани во САД, луѓе заглавени во домовите, расте бројот на жртви поради ледената бура
Речиси 4.000 летови беа откажани денес до или од Соединетите Американски Држави, а аеродромите во Бостон и Њујорк се најтешко погодени, според податоците од веб-страницата „FlightAware“.
Од петок, повеќе од 20.000 летови беа откажани поради зимската бура, објавува „ABC News“.
Само во неделата беа откажани повеќе од 11.000 летови, што е најголем број дневни откажувања од пандемијата на коронавирусот, според податоците од компанијата „Сириум“.
A powerful winter storm spread a paralysing mix of heavy snow, sleet and freezing rain from the Ohio Valley and mid-South to New England on Jan 25. pic.twitter.com/5bIUyUcMWL
— The Star (@staronline) January 26, 2026
Се очекува летовите да продолжат денес на аеродромот Роналд Реган во Вашингтон, откако аеродромот вчера го прекина целиот сообраќај поради зимската бура.
Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во бранот на ледената бура низ САД, објавија американските медиуми.
Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, 16-годишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето го влечело со санката тинејџер кој возел моторна санка.
Во соопштението се наведува дека санката на која се возело девојчето прво удрила во тротоарот, а потоа во дрво.
Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена на паркингот на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.
Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по сообраќајна несреќа во која удрил во дрво со санка, соопшти шерифската канцеларија на округот Салин.
Во сојузната држава Пенсилванија, три лица загинале додека чистеле снег, соопштија окружните власти, додавајќи дека жртвите биле на возраст од 60 до 84 години.
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека пет лица загинале во ледениот бран, а бостонските медиуми објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од возило за чистење снег.
Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за ABC News, пренесува Танјуг.
Свет
Песков: Русија го иницираше предавањето на замрзнатите средства на Одборот за мир
Москва сè уште не е запознаена со официјалната реакција на Вашингтон на иницијативата на Русија за префрлање на една милијарда долари од средствата замрзнати во САД на Одборот за мир, но тоа секако отвора нови хоризонти за соработка со САД, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Досега не сме слушнале никаква јавна реакција на ова“, рече Песков, пренесува Спутник.
Во исто време, тој рече дека Кремљ забележал дека американскиот претседател Доналд Трамп ја нарекол интересна идеја.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Москва е подготвена да испрати една милијарда долари од замрзнатите средства на Одборот за мир, кој беше формиран на иницијатива на Доналд Трамп, со цел обнова на Појасот Газа и решавање на палестинскиот проблем, пренесува Танјуг.

