Забава
(Видео) Кан 2022: Рецензии за јужнокорејскиот трилер „Лов“, режисерско деби на ѕвездата на „Сквид гејм“
Иако е ѕвезда речиси 30 години во јужнокорејските филмови, Ли Јунг-јае неодамна стекна меѓународна слава на сосема друго ниво како ѕвезда на телевизискиот феномен „Сквид гејм“. Oва ќе го зголемат интересот за Hunt („Лов“), филм во кој тој не само што глуми туку е и продуцент, косценарист и режисер, филм кој штотуку ја имаше својата светска премиера на Канскиот филмски фестивал.
Воведните рецензии за овој шпионски трилер, кој беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал минатиот четврток, нудат необична спротивставеност.
Режисерското деби на Ли ја фикционализира корејската историја и уфрла двојни агенти, закопани тајни и многу скршени раце.
„Првата карта во филмот на Ли Јунг-јае укажува дека ова е измислена приказна и каква било сличност со вистински личности итн. Но, веднаш потоа следуваат неколку карти што ја прикажуваат политичката историја на Јужна Кореја во 70-тите и 80-тите: воениот удар во 1979 година по атентатот на претседателот и како лидерот инсталиран од тој пуч на крајот ја презеде претседателската функција и почна репресии врз печатот и сите што не се согласуваа со него“, пишува Стив Понд, уредник на TheWrap и автор на бестселерот на „Лос Аџелес тајмс“ за валканите зделки зад сцената на „Оскарите“.
Почнува со осуетен обид за атентат на новиот претседател, при што атентаторот е убиен додека вика: „Само следев наредба!“, вели Понд. „Значи, што е Hunt? Измислена приказна или тенко прикриена приказна за тоа што се случи откако новиот претседател, кој е неименуван во филмот, дојде на власт?“
„Клучот, можеби, е да не се грижите за секој детаљ и да му дозволите на овој возбудлив филм да ве вози“.

Ли го потретира Парк Пјонг-хо, офицер од највисок ранг во Корејската централна разузнавачка агенција (КЦИА). По неуспешниот обид да донесе пребегнат севернокорејски нуклеарен научник, тимот на Парк е осомничен дека бил инфилтриран од крт испратен од Пјонгјанг.
Рецензиите во „Саут Чајна морнинг пост“ се доста поинакви од оние на западните критичари. Според авторот на текстот во весникот, филмот на Ли Јунг-Јае e бомбастичен и конфузен.
„Hunt ќе остане запаметен како филм што во своите фанови ќе ги вброи зависниците од историја и љубителите на хардкор акциони филмови. А за сите други, шпионскиот трилер на јужнокорејскиот актер и ѕвезда на Squid Game, Ли Јунг-Јае, е претерано бомбастичен и конфузен“.
„Во својство на продуцент, режисер и член на актерскиот тим, Ли се чини пеколно наклонет да ги исфрли сите историски референци, заглушувачки пиротехнички средства или наративни пресврти што може да ги донесе на екранот и да види што ќе остане“.
„За жал, нема многу. ‘Лов’ на крајот е соборен од своето неуредно раскажување на приказната, што ќе ја збуни меѓународната публика – како оние што го гледаа филмот на Канскиот филмски фестивал минатата недела – без основно разбирање за политичката ситуација во Јужна Кореја во доцните 70-ти и раните 80-ти кога е поставено дејството на филмот“.
Извлечен од разни историски инциденти од реалниот живот – како што е атентатот на авторитарниот владетел Парк Чунг-хи од страна на неговиот сопствен супершпион во 1979 година и обидот за убиство на Чун во Бурма во 1983 година – „Лов“ е најнов во долгата низа филмови кој се обидува повторно да се осврне на овој трауматичен период од историјата на Јужна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

