Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи и за средбата на Џафери со претставници од Чеченија од страв да не му падне Владата

Ковачевски молчи и за средбата на Џафери со претставници од Чеченија од страв да не му падне Владата. Ковачевски не смее да го осуди Џафери и да побара одговорност од него од страв дека ДУИ ќе му излезе од Владата. Сликата што ја гледаме деновиве, каде што Ковачевски молчи и одобрува шиканирање и пцуење вработени во Собранието од страна на Џафери, но и негови безбедносно сомнителни состаноци, е доволна причина и одговор зошто треба да има избори што побргу, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Ковачевски е спремен да премолчи и криминал, само за да остане на власт. Со Ковачевски на чело на Владата имаме уценет премиер. Талат Џафери е опасност за безбедноста на државата и го поткопува интегритетот на Собранието.
Џафери ги користел Собранието и позицијата што му ја нуди власта да се среќава со високопозиционирани луѓе од Чеченија и поранешни членови на руската Дума и сето тоа се обидел да го скрие од јавноста. Џафери не ги информирал медиумите за неговата средба ниту, пак, таа е нотирана на собраниската интернет-страница.
Нејасно е зошто Џафери ја криел средбата со Чеченците и дали за тоа се информирани нашите безбедносни служби и сојузниците, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Горан Минчев со граѓаните на Тетово: „Локалната промена почнува со Вас“

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Горан Минчев, во рамки на кампањата „Заедно повеќе знаеме“, одржа средба со граѓаните, членовите и симпатизерите во Тетово.
Минчев порача дека Тетово заслужува транспарентно и ефикасно управување, развој на инфраструктурата и враќање на довербата во локалната власт.
„Граѓаните се нашите партнери – заедно ќе изградиме програма што одговара на вистинските потреби на Тетово. Време е општините да престанат да бидат партиски плен и конечно да почнат да работат за граѓаните“, изјави Минчев.
Тој истакна дека ЗНАМ нуди луѓе со знаење и интегритет, а не политички експерименти, и најави дека дијалогот со граѓаните ќе продолжи низ цела Македонија.