Македонија
Професионална ориентација – клучни фактори при изборот на факултет
Клучна дилема со која средношколците се соочуваат по завршувањето на средното образование е што и каде понатаму? Професионалната надградба е еден од значајните животни предизвици. Оттука, изборот на факултет обично е поврзан со две клучни прашања:
Што можам најдобро да направам за својата иднина? и „Кој е вистинскиот избор за мојот факултет?“
Одговорот на овие исклучителни важни прашања треба да се најде во нашите способности, кои се збир на нашите внатрешни и природни таленти, нашето досегашно искуство и достигнувања и на тоа што силно го посакуваме.
Психолошкото тестирање на природните и внатрешните способности и таленти, кои силно го одредуваат начинот на кој пристапуваме и решаваме проблеми и нашиот вроден стил на размислување и расудување, ни помага полесно да ги одвоиме важните од ирелевантните фактори при изборот на факултет.
Во согласност со променетите потреби на современиот пазар на труд, се променија и очекувањата од факултетот. Со оглед на големата динамика на варијабилност на современиот свет на работа, очигледно е дека универзитетското образование не може да обезбеди готови решенија за проблемите со кои ќе се сретнете во текот на долгиот работен век.
Но, она што може да ви обезбеди е поставување на добра основа за дефинирање на проблемот, како и знаење на кои начини можете да одите во потрага по решение.
Универзитетското образование ќе ви ги развие вештините за наоѓање квалитетни извори на информации, оценување на нивната вредност и извлекување заклучоци.
При изборот на идна професија, повеќето студенти не се запознаени кои професии или занимања се најплатени, ниту пак имаат податоци за тоа кои професии се дефицитарни или се премногу на македонскиот пазар.
Ваквата состојба придонесува за неспојливост на образовниот систем со состојбите на пазарот, произведувајќи ги оние кадри кои веќе ги има премногу, а така доведувајќи ги илјадниците дипломирани студенти во состојба на невработеност по дипломирањето.
Како еден од подобрите во нашата земја, Американскиот универзитет на Европа – ФОН, во континуитет ги следи светските трендови, а акцентот го става на професии за различни интереси, истовремено гарантирајќи им светла иднина на студентите.
За да постигнете успешна кариера, АУЕ-ФОН нуди:
· Квалитетни студиски програми за образование на основни академски студии во согласност со вашите интереси преку акредитирани студиски програми;
· Можност за примена на стекнатото знаење во текот на студирањето во најуспешните домашни и странски компании преку организирана и задолжителна студентска пракса; · „Еразмус“ програма, во траење од еден или два семестри на некој од странските универзитети;
· Вклучување во работата на студентските организации и учество во бројни воннаставни активности кои развиваат креативност, снаодливост, натпреварувачки и претприемачки дух, способност за тимска работа и други квалитети неопходни за успешни деловни луѓе;
· „Work and study“ програма за практична обука која им овозможува на студентите да стекнат практично искуство и директна соработка со различни индустрии и реномирани компании.
На факултетите кои се дел од АУЕ-ФОН ќе се стекнете со вештините за презентирање и добро аргументирање на сопствените идеи, како и тимската работа, а тоа се клучни вештини во деловниот свет.
Изложеноста на современите трендови и можностите за примена на знаењата за време на студиите се уште еден важен аспект на студирањето.
АУЕ-ФОН нуди можност да стапите во контакт со претставници од различни компании и да се испробате во некоја област, а со тоа ќе може да се запознаете себеси, своите можности и способности.
Тие исто така ве насочуваат кон сегментите на знаења и вештини кои треба да ги подобрете, со цел да се премости јазот помеѓу студиите и светот на работата.
Од исклучителна важност за вашите време на вашите студии, е да имате добар однос со професорите. Наставниот кадар на АУЕ-ФОН е секогаш достапен за студентите, па така ќе имате одговор на секое поставено прашање, во било кое време.
Професионалниот пат станува се пофлексибилен, така што изборот на факултет повеќе не ве одредува цврсто како порано. Затоа, обидете се да гледате на тој избор повеќе со возбуда од започнување ново истражување, отколку со страв дека ќе направите непоправлива грешка.
Преку достапната линија за консултации на АУЕ-ФОН, може да ги дознаете сите информации поврзани со факултетите кои се дел од универзитетот. Нека вашето ново поглавје биде АУЕ-ФОН !
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил на граничниот премин Ќафасан.
Пратката, составена од 2.167 пакувања по 12 килограми, е вратена во земјата извозник поради неисполнување на условите за увоз.
Од АХВ соопштија дека забраната е донесена врз основа на претходно решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил, со цел да се спречи внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).
Според правилата, забранет е увозот на пратки добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Пукна меурот од конструкции на СДС, документи и докази ги рушат мигрантските лаги на СДС, Филипче е разоткриен
„Хистеријата на СДС и Филипче за лажните вести што ги создаваат и пласираат се распукнаа како меур од сапуница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Лицемерието на СДС и Филипче излезе на виделина пред очите на целокупната јавност.
За разлика од глумата на Филипче во улогата на патриот, менувањето ставови и ширењето лаги за непостоечки теми од страна на СДС, ВМРО-ДПМНЕ има јасна државотворна позиција против политиките што ја загрозуваат безбедноста и интересите на граѓаните на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и тогаш, и сега води антиемигрантска политика.
Фактите се јасни и документирани, СДС на чело со Заев и Филипче отворено нудеа Македонија да стане паркинг на мигрантски кампови. Вистина е дека постоеја планови, постојат изјави и постоела волја кај СДС, Заев и Филипче да се вдомат мигранти.
Филипче и Заев биле спремни за населување на мигрантите во Скопје, во 2018 година усвоиле План за изградба на мигрантски камп во Бардовци.
Филипче туркал камп во Бардовци и гласал да се доселат мигранти во Македонија, а за сето тоа има и доказ во Службениот весник од 2018 година, каде што е објавена одлуката на владата за изградба на мигрантски камп, со Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.
Филипче растура пердуви со лажни теми и игра криенка по партиските штабови додека бега од новинари и новинарски прашања.
Додека Филипче бега, вистината ги стигна и излезе на виделина. Наместо спинови и паника СДС нека одговори колку мигранти беа спремни да примат во 2018 година?
Кој ги договараше камповите?
Зошто тогаш Филипче молчеше во знак на одобрение а денес глуми патриот и принципиелност?
Време е СДС и Филипче да се посветат на мигрантите од сопствените редови кои им бегаат во други партии и да си ја реформираат партијата. На Македонија и е потребна зрела и конструктивна опозиција“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти
„ДПМНЕ не ја прифати подадената рака на СДСМ за заедничко потпишување на Резолуцијата и со една одлука на Собранието граѓаните да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има“, велат од СДСМ.
„По толку јавни повици за заедничка акција, секој ден, добивме молк. На сите им е јасно дека ова е свесна политичка одлука на ДПМНЕ и дел од нивната стратегија.
Доколку немаше задкулисни договори и преземени обврски за кои јавноста дозна од британските медиуми, Резолуцијата одамна ќе беше потпишана.
Сега веќе можеме јавно да констатираме: ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти.
Ние повеќе нема да ги повикуваме. Одбивањето кажува сè за нивното предавство за пари – мигранти во Македонија ќе има.
Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува“, пишува во соопштението на СДСМ.

