Македонија
(Видео) Тренчевска: Унапредувањето на човековите права, еднаквост и борба против насилството се нашите приоритети и одговорности
Министерката за труд и социјaлна политика, Jованка Тренчевска, денеска имаше воведно обраќање на тркалезната маса на тема „Заедно до брзо решение на насилството врз жените и семејното насилство“, организирана од Сојуз – Национален совет за родова рамноправност.
Министерката Тренчевска истакна дека брзите решенија во справувањето со насилството врз жените се приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика и не само справување со акутното насилство туку и долгорочно решавање на секој индивидуален случај на насилство врз жените.
„Родово базираното насилство врз жените и семејното насилство се јавува во сите општества, дури и во најразвиените држави можеби некаде е повидливо, а некаде затскриено, но тоа постои и затоа пред него не смееме ниту да молчиме ниту да го игнорираме. Напротив, треба да ја подигнуваме свеста за негово препознавање и постапување“, рече Тренчевска.
Република Северна Македонија беше меѓу првите земји што ја потпишаа Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвеција) за која во декември 2017 година Собранието на Република Северна Македонија го усвои Законот за ратификацијата. Инструментот за ратификација беше предаден на 23 март 2018 година, а Конвенцијата влезе во сила на 1 јули 2018 година.
Во насока на имплементација, Владата на Република Северна Македонија во 2018 година усвои акциски план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насислтвото врз жените и домашното насилство на Република Македонија 2018-2023.
„Врз основа на активностите, кои произлегуваат од првата стратешка цел на акцискиот план за спроведување на Конвенцијата во 2021 година, донесен е Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Законот e целосно усогласен со Истанбулската конвенција и има цел проширување на системот на превенција и заштита на сите облици на родово базирано и семејно насилство“, истакна Тренчевска.
Таа рече и дека Министерството за труд и социјална политика посветено работи на унапредувањето на системот за справување со родово базираното насилство врз жените и семејното насилство. Во тој контекст се подготвија пет (5) подзаконски акти, кои се однесуваат на итните и привремени мерки за постапување и дополнително се работи интензивно на уште 3 подзаконски акти, со што ќе се обезбеди сеопфатен пристап, координиран мултидисциплинарен одговор, како и систем за градење на капацитетите на професионалците, интегрирано собирање податоци, како и реинтеграцијана жртвите на родовото базиранто насилство врз жените и семејното насилство во согласност со меѓународните стандарди.
„Министерството за труд и социјална политика на територијата на Република Северна Македонија има воспоставено специјализирани сервиси за жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилство во 7 плански региони на територијата на РСМ. Воспоставени се 13 центри за жени жртви (и нивните деца) на семејно насилство, 10 специјализирани советувалишта за жени жртви на насилство и семејно насилство, 8 специјализирани советувалишта за психо-социјален третман за сторители на семејно насилство“, рече Тренчевска.
Министерката порача дека Министерството за труд ќе продолжи со поддршката на здруженијата на граѓани, што даваат услуги за жртвите на родово базираното насилство во согласност со Законот за социјалната заштита. Заложбата на Министерството е унапредување на човековите права, еднаквост и борба против секаков вид насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил на граничниот премин Ќафасан.
Пратката, составена од 2.167 пакувања по 12 килограми, е вратена во земјата извозник поради неисполнување на условите за увоз.
Од АХВ соопштија дека забраната е донесена врз основа на претходно решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил, со цел да се спречи внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).
Според правилата, забранет е увозот на пратки добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Пукна меурот од конструкции на СДС, документи и докази ги рушат мигрантските лаги на СДС, Филипче е разоткриен
„Хистеријата на СДС и Филипче за лажните вести што ги создаваат и пласираат се распукнаа како меур од сапуница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Лицемерието на СДС и Филипче излезе на виделина пред очите на целокупната јавност.
За разлика од глумата на Филипче во улогата на патриот, менувањето ставови и ширењето лаги за непостоечки теми од страна на СДС, ВМРО-ДПМНЕ има јасна државотворна позиција против политиките што ја загрозуваат безбедноста и интересите на граѓаните на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и тогаш, и сега води антиемигрантска политика.
Фактите се јасни и документирани, СДС на чело со Заев и Филипче отворено нудеа Македонија да стане паркинг на мигрантски кампови. Вистина е дека постоеја планови, постојат изјави и постоела волја кај СДС, Заев и Филипче да се вдомат мигранти.
Филипче и Заев биле спремни за населување на мигрантите во Скопје, во 2018 година усвоиле План за изградба на мигрантски камп во Бардовци.
Филипче туркал камп во Бардовци и гласал да се доселат мигранти во Македонија, а за сето тоа има и доказ во Службениот весник од 2018 година, каде што е објавена одлуката на владата за изградба на мигрантски камп, со Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.
Филипче растура пердуви со лажни теми и игра криенка по партиските штабови додека бега од новинари и новинарски прашања.
Додека Филипче бега, вистината ги стигна и излезе на виделина. Наместо спинови и паника СДС нека одговори колку мигранти беа спремни да примат во 2018 година?
Кој ги договараше камповите?
Зошто тогаш Филипче молчеше во знак на одобрение а денес глуми патриот и принципиелност?
Време е СДС и Филипче да се посветат на мигрантите од сопствените редови кои им бегаат во други партии и да си ја реформираат партијата. На Македонија и е потребна зрела и конструктивна опозиција“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти
„ДПМНЕ не ја прифати подадената рака на СДСМ за заедничко потпишување на Резолуцијата и со една одлука на Собранието граѓаните да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има“, велат од СДСМ.
„По толку јавни повици за заедничка акција, секој ден, добивме молк. На сите им е јасно дека ова е свесна политичка одлука на ДПМНЕ и дел од нивната стратегија.
Доколку немаше задкулисни договори и преземени обврски за кои јавноста дозна од британските медиуми, Резолуцијата одамна ќе беше потпишана.
Сега веќе можеме јавно да констатираме: ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти.
Ние повеќе нема да ги повикуваме. Одбивањето кажува сè за нивното предавство за пари – мигранти во Македонија ќе има.
Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува“, пишува во соопштението на СДСМ.

