Црна хроника
Приведен крадец во Скопје осуден на казна затвор од 22 месеца

Синоќа, во 21.55 часот, на булеварот Никола Карев во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје, го лишиле од слобода Р. М. (46) од с. Трубарево, Скопско.
Тој бил баран по централна потерница од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје.
Откако му бил даден знак да застане, Р.Ѓ. се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, бил лишен од слобода, извести МВР.
При тоа, Р.Ѓ. фрлил кеса во која имало 100 кесички со марихуана, а при обидот да избега му нанел и телесна повреда на еден полициски службеник.
По документирање на случајот, против Р.Ѓ. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.
Црна хроника
Групна тепачка во Батинци

На 29 август 2025 година, околу 23:30 часот, во село Батинци кај Скопје избила групна тепачка во која учествувале повеќе лица, потврдија од МВР.
Според информациите, поради претходно нарушени меѓусоседски и семејни односи, дојде до физичка пресметка помеѓу две групи жители на Батинци, во која биле употребени тврд предмети и остри оружја.
Во првата група учествувале Ф.С. (27), Е.С. (18), Р.С. (22), С.С. (36) и С.С. (29), сите од Батинци, а во втората М.М. (21), Д.М. (20), Е.М. (22), Г.М. (24), Џ.М. (65), сите од истото село и И.Б. (19) од Тетово.
Од МВР информираат дека увид е извршен и случајот е целосно документиран, а по завршувањето на постапката ќе следуваат соодветни кривични поднесоци против учесниците.
Црна хроника
Четири лица, меѓу кои и деца повредени во сообраќајка во Коњари

На автопатот „Гоце Делчев“, во близина на клучката Коњари, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која се превртело патничко возило „хонда“ со скопски регистарски таблички, информира МВР.
Несреќата се случила на 30 август, околу 13:15 часот, во правец од Свети Николе кон Скопје. Возилото го управувал 36-годишниот З.Н. од Скопје.
Според информациите, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот, неговата сопатничка С.Н. (36) и уште едно малолетно лице. Повредените се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а причините за несреќата се испитуваат.