Црна хроника
Двајца битолчани нападнале полицајци на кошаркарски натпревар
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица, од кои за едниот постои основано сомнение дека сторил кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а другиот сторил кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата битолчани, на 22 мај, на паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“ физички нападнале тројца полициски службеници, кои вршеле работи на јавната безбедност – обезбедување на спортски натпревар.
Осомничените се затрчале кон навивачите на кошаркарскиот клуб МЗТ – Скопје, кои влегувале во салата со полициска придружба и не ја послушале усната наредба од полициските службеници да застанат.
Првоосомничениот со тупаници ги удирал оштетените полициски службеници нанесувајќи им телесни повреди. Вториот осомничен, пак, ги влечел, при што му ја искинал службената униформа на еден од полицајците.
За првоосомничениот до судијата на претходна постапка надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор, со оглед на тоа што тој и претходно се јавувал како сторител на кривични дела, па би можел да го повтори делото или да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

